Кадетите со високи 4:0 ја совладаа Македонија ЃП

Цветановски Матеј со хет-трик, пионерите со пет гола во мрежата на Македонија ЃП до три бода
11/13/2021
Минимален пораз за младинците на Кул од Македонија ЃП
11/14/2021

Кадетите со високи 4:0 ја совладаа Македонија ЃП

Кадетите на КУЛ, денес на домашен терен на стадионот „Цементарница“ ја пречекаа екипата на ФК Македонија Ѓ.П во рамките на 4.коло. Нашите момци дојдоа до висока победа со одлична игра на теренот, триумфот се оствари со резултат 4-0.

Тренерот Стефаноски Драги-Гаге започна со овој тим: Цветковски Мартин, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован,  Мифтари Шевал,  Ќеховиќ Алан,  Стајковски Филипче, Стојановски Антонио, Крстевски Никола и Манасиевски Горјан.

Тргнавме офанзивно со цел рано да постигнеме погодок и да ја отвориме оваа средба со водство, успеавме преку Стајковиќ Филип да погодиме. Играчот кој денес беше еден од најактивните стрелаше за 1-0. Ѓорѓиев Стефан имаше потоа прилика по прекин да ја удвои предноста, ривалот се закани сепак на нашиот гол одличен беше Цветковски Мартин. На овој кадетски дуел од Супер лигата имавме повеќе од играта до крајот на првиот дел имавме уште три прилики за погодок, два пати во шанси се најде Стајковиќ и еднаш се закани со удар од 16-17 метри Мифтари чиј шут отиде над гредата. На одмор заминавме со минимална предност од 1-0, но и тенденција имавме кон зголемување на водството.

Токму на почетокот на вториот дел почна да се наградува нашата одлична игра во поле, Филип Стајковиќ со неговиот втор гол на самиот почеток на овој период удвои на 2-0. Нововлезениот, Наков Борјан успеа да биде најприсебен пред противничкиот гол и погоди за високи 3-0 на оваа средба. Сепак по оваа висока предност не застанавме, Стајковиќ се закани во два наврати, а еднаш имаше прилика и Крстевски за погодок. До крајот видовме уште две прилики во првата ние преку Стојановски Љубомир погодивме за 4-0. Нивната прилика одлично во корна ја исфрли нашиот голман Цветковски Мартин. Со високи 4-0 дојдовме до три бода на оваа кадетска средба.

Играа уште и Виктор Зафироски, Матеј Цветановски, Кристијан Цветановски, Даниел Васиќ, Љубомир Стојановски, Борјан Наков и Максим Илиевски.

Ова е втора победа сезонава за нашите кадети во првенството.