Помладите пионери без бодови од гостувањето во Ѓорче Петров

Сениорската екипа на ЖФК Кул ја отвара сезоната со натпревар против Тиквешанка
11/12/2021
Цветановски Матеј со хет-трик, пионерите со пет гола во мрежата на Македонија ЃП до три бода
11/13/2021

Помладите пионери без бодови од гостувањето во Ѓорче Петров

Помладите пионери на ФК КУЛ денес гостуваа кај тимот на Македонија Ѓорче Петров во рамките на 4.коло. Домаќинот успеа да дојде до победа со резултат 3-1 (0-1).


Карчев дуелот го започна со следниот тим: Рајевски Христијан, Лазовски Петар, Спасовски Александар , Трпевски Петар (К), Стојановски Матеј, Беровиќ Омар, Бошнаков Јован, Љамалари Фисник, Павлов Борис, Имеров Илхан и Трифуновски Олег.

Видовме возбуда на самиот старт, Олег Трифуновски одзема една топка нафрли до Имеров над кој ривалот направи пенал во 3.минута. Топката ја зема капитенот Петар Трпевски кој стрелаше рутинирано за наша предност со 0-1. Капитенот во 19.минута исто така се закани со шут од слободен удар.

 

Ние бевме поконкретни од домаќинот кој се обдуваше да направи рамнотежа на резултатски план, Омер Беровиќ упати удар кој голманот на Македонија Ѓорче Петров го скроти. Најголемата закана на противникот кога искочи нивниот напаѓач на само 5-6 метра ја скроти нашиот голман Рајевски со фантастична одбрана. До крајот на двете страни имаше по две прилики за погодок сепак на одмор се замина со наша предност. За нас шанси впишаа Павлов и Љамалари чии удари не донесоа удвојување на предноста, па на одмор заминавме со минимална негатива.


Вториот дел наликуваше на првиот, само овој пат домаќинот доби пенал во првите три минути. Македонија Ѓ.П успеа да изедначи на 1-1 на самиот почеток на вториот период од овој дуел за помлади пионери во Супер лигата. По голот имавме два обида со глава од непосредна близина, Лазовски и Спасовски упатија удари за малку над гредата од голот на противничкиот тим.

По една корна настана конфузија во нашиот казнен преостор, домаќините успеаа подобро да се снајдат при истата и стрелаа за целосен пресврт, тие поведоа со 2-1 на овој натпревар. По еден слободен удар домаќинот успеа да поведе и со 3-1. Ние имавме потоа прилика преку Спасовски, но немаше промена на резултатот.

Помладите пионери иако и на овој натпревар имаа почетна предност сепак  на крајот повторно не успеаа да освојат бодови.