Минимален пораз за младинците на Кул од Македонија ЃП

Кадетите со високи 4:0 ја совладаа Македонија ЃП
11/14/2021
Кул освои 6 бодови на натпреварите со Македонија ЃП
11/15/2021

Минимален пораз за младинците на Кул од Македонија ЃП

Младинците на КУЛ на домашен терен на стадионот „Цементарница“ ја пречекаа екипата на ФК Македонија ЃП во рамките на 4.коло. На денешниот дуел до бодови дојде гостинот со минимална победа со резултат 0-1 (0-1).

Тренерот Стефаноски Драги-Гаге започна со овој тим: Ројчинов Андреј, Стефановски Љупче,  Ивановски Дамјан, Здравески Стефан (К), Јаневски Филип,  Коцевски Гоце,  Станковски Томи,  Ристески Бојан,  Ивановски Дамјан,  Николов Никола и  Кузмановски Филип.

Тргнавме офанзивно на оваа средба првите две прилики за погодок ги имаа нашите момци. Најпрвин по 15-сетина минути фудбал се закани Томи Станковски со удар крај голот на гостите. Свој обид за погодок во мрежата на Македонија Ѓорче Петров имаше и Коцевски Гоце, сепак резултатот остана почетниот, 0-0. На овој младински дуел од Супер лигата прв погодок постигна гостинскиот тим кој поведе со 0-1. До крајот ние се обидовме да нападнеме и изедначиме, најсериозна шанса за одбележување беше таа со глава на Здравевски Стефан, сепак на одмор заминавме на оваа средба од 4. коло со минимална негатива.

Нападнавме на почетокот на вториот дел кон голот на противникот, сепак прва посериозна шанса имаа гостите чиј удар мина крај стативата на Ројчиновски Андреј. По една корна прилика за нас имаше Здравески Стефан, неговиот удар го блокираше одбраната на гостинот. Ние имавме иницијатива, Македонија ЃП го бранеше водството со дефанзивна игра. По една од ретките контра напади се заканија нашите ривали, на голот одлично реагираше Ројчиновски. Голема прилика пропуштивме кога Ивановски Дамјан одлично нафрли до Стојчевски Леонид кој со полу-волеј шутна крај десната статива од десеттина метра. На крајот противникот дојде до три бода со минимална победа на оваа средба.

Во игра влегоа Ангел Петрушевски, Леонид Стојчевски и Бодан Тодоровски.