Голем бод за кадетите на гостувањето кај Шкупи

Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 5.коло, нашиот клуб за противник го има тимот на Шкупи
11/18/2021
Деби победа за младинците во Супер лигата, Љупче Стефановски донесе три бода на натпреварот со Шкупи
11/20/2021

Голем бод за кадетите на гостувањето кај Шкупи

Кадетите на Кул освоија голем бод на натпревар од 5.првенствено коло. Нашите надежи денес гостуваа кај екипата на Шкупи, натпревар кој заврши со резултат 0:0.

Треенерот Стефановски стартуваше со: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Шевал Мифтари, Алан Ќеховиќ, Филип Стајковиќ (К), Антонијо Стојановски, Никола Крстевски, Горјан Манасиевски и Јован Митревски. 

Видовме две различни полувремиња, во кои по едно им припадна и на двете екипи, сепак на крајот натпреварот заврши  без голови. Во првото полувреме, домашниот тим беше поконкретен, но не успеа да создаде ниту една стопроцентна шанса за да го загрози нашиот гол. Шкупи најблиску до предност беше кога ја погоди стативата од голот на Цветковски, во тие моменти среќата беше на наша страна. Противникот имаше уште три директни удари кон нашиот гол, кои беа лесен плен за нашиот голман, кој денес не дозволи да биде совладан. Што се однесува до нашиот тим во првиот дел од натпреварот, имавме обиди преку Мифтари и Стајковиќ, но немаше промена на резултатот.

На стартот од вториот дел, тренерот Стефановски се реши да направи три измени. Во игра ги видовме Матеј Цветановски, Борјан Наков и Даниел Васиќ, па во овој период сосема друга изгледаше нашата игра. Слободно можеме да кажеме дека во второто полувреме бевме подобрата екипа на теренот, штета што не искористивме некоја од шансите, лесно можеше на крајот да се случи и да победиме. Првата посериозна шанса во овој дел од дуелот ја имавме преку Никола Крстевски кој со глава биеше над голот, откако претходно исто така со глава му асистираше Митревски. Од слободен удар Филип Стајковиќ имаше добар обид, но домашниот голман одбрани со крајни напори и не дозволи негатива за својата екипа.

Убава шанса имавме и преку Даниел Васиќ, после една акција од десната страна се создаде добар простор за нашиот играч, кој биеше, но не успева да ја погоди мрежата. Шкупи имаше една прилика, кога после една одбиена топка, нивниот играч биеше од некаде 18.метри, но одбрани Цветковски Мартин. Во последните десет минути од натпреварот и двете екипи влегоа претпазливо, сакаа да го сочуваат бодот, додека ние се обидовме преку капитенот Стајковиќ кој шутираше крај голот. На крајот конечниот резултат гласеше 0:0.

Мора се потенцира добрата игра на нашите кадети во второто полувреме, кои покажаа желба за надигрување и пред се мотив за да стигнат до победа. Целиот тим денес одигра на нивото, во дефанзивата бевме беспрекорни, едноставно не дозволивме поголеми опасности кон нашиот гол. Кадетите после пет одиграни кола го освоија и седмиот бод сезонава во својата категорија.