Деби победа за младинците во Супер лигата, Љупче Стефановски донесе три бода на натпреварот со Шкупи

Голем бод за кадетите на гостувањето кај Шкупи
11/20/2021
Плачковица подобра од Кул, на натпревар во втората женска фудбалска лига
11/20/2021

Деби победа за младинците во Супер лигата, Љупче Стефановски донесе три бода на натпреварот со Шкупи

Голема победа за младинците на Кул, прва сезонава за момците на Драган Стефановски-Гаге. Денес нашиот тим беше гостин на екипата на Шкупи, натпреварот кој се одигра на теренот во Бутел заврши со наш минимален триумф од 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Љупче Стефановски.

Стефановски започна со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Стефан Здравески (К), Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Никола Николов и Филип Кузмановски. 

Одличен натпревар за нашите младинци кои стигнаа до прва победа сезонава и тоа на „жешкиот“ терен кај екипата на Шкупи. Одигравме перфектен натпревар, на кој останавме сконцентрирани во текот на сите 90 минути и на крајот заслужено стигнавме до бодовите. Филип Кузмановски беше играчот кој имаше прв директен удар кон противничкиот гол, но чуварот на мрежата на Шкупи не дозволи да биде совладан. Гледавме борбен натпревар од двете екипи кои се обидуваа да создадат шанси и да го отворат резултатот. Прва закана кон нашиот гол имаше и домашната екипа, но одбрани Ројчинов. Пред да успеме да постигнеме гол, во шанса се најде и Томи Станковски, но немаше промена на резултатот. Се играше 39 минута од натпреварот кога после слободен удар, центар шут во противничкиот шеснаесетник упати нашиот капитен Здравески, таму најдобро се снајде нашиот стопер, Љупче Стефановски кој од тешка позиција, беше највисок во скокот ја удри топката со глава, која заврши во мрежата на домаќинот, за наше водство од 0:1. Во последните шест минути од првиот дел, немаше некое возбудување кон двата гола, па на одмор заминавме со минимална предност.

Одигравме добро и во второто полувреме, не дозволувајќи на противникот да направи некоја голема шанса за израмнување. Имавме контрола на играта, а имавме и прилики да ја удвоиме предноста. Прв кој се закани во второто полувреме беше Стефан Здравески, кој после нафрлена топка од корнер на Становски, биеше со глава, но голманот на Шкупи го брани неговиот удар. Иако имавме водство, не се повлековме, напротив со офанзивна игра ја браневме позитивата.

Имавме можност да го зголемиме резултатот, кога после еден досуден фаул од некаде 20 метри, биеше Томи Станковски, но топката заврши крај десниот директ. Домаќинот правеше обиди да постигне гол, но не им успеа, имаа два обиди, кои успешно ги скроти Андреј Ројчинов. На крајот голема победа, остварена со резултат 0:1.

Играа уште и Ангел Петрушевски и Лука Алексоски. Честитки до целата екипата на чело со тренерот Стефановски. Нашите младинци не знаат за пораз сезонава, што се однесува до натпреварите на гостински терен. Ова е прв триумф за оваа генерација, која после пет одиграни кола има исто толку бодови на табелата во младинската Супер лига.