Плачковица подобра од Кул, на натпревар во втората женска фудбалска лига

Деби победа за младинците во Супер лигата, Љупче Стефановски донесе три бода на натпреварот со Шкупи
11/20/2021
Прв бод сезонава за помладите пионери, Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат
11/21/2021

Плачковица подобра од Кул, на натпревар во втората женска фудбалска лига

Женската сениорска екипа на Кул денес гостуваше кај екипата на Плачковица. На натпревар од 3.коло во втората лига, нашите девојки беа поразени од домашниот тим кој забележа победа со резултат 4:0.

Натпреварот кој се одигра на градскиот стадион во Радовиш заврши со триумф на противникот. Викторија Стојаноска беше играчот кој постигна хет-трик во победничката екипа, додека во листата на стрелци се запиша и Зорица Анастасова.

Плачковица стигна и до третата последователна победа во лигата, со која се зацврсти на врвот на табелата, додека нашиот тим го претрпе првиот пораз.

КУЛ: Здравковска Јована , Манојлова Елена, Матиќ Ива, Милошевска Симона, Петрушевска Сара, Пејаковиќ Аниел, Здравевска Ива, Филипова Ања, Трајкова Биљана , Додевска Михаела и Митревска Тања (К).

Во игра влегоа: Петрушевска Луиза, Бачова Венера, Спасовска Емилија, Вичишка Сара.