Прв бод сезонава за помладите пионери, Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат

Плачковица подобра од Кул, на натпревар во втората женска фудбалска лига
11/20/2021
Трет последователен триумф сезонава за пионерите
11/21/2021

Прв бод сезонава за помладите пионери, Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат

Денес на Цементарница, помладите пионери беа домаќини на екипата на Шкупи, на натпревар од 5.коло во помладата пионерска Супер лига. Натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2, ова беше прв бод сезонава за оваа генерација на Кул.

Тренерот Карчев започна со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Петар Лазовски, Александар Спасовски, Матеј Стојановски (К), Нури Абдурамани, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Фисник Љамалари, Гаврил Петаноски, Михаил Крстевски и Олег Трифуновски. 

Гледавме ефикасно прво полувреме, во кое и двете екипи постигнаа по два гола. Во раниот период од натпреварот екипата на Шкупи успеа да постигне гол, откако еден од нивните играчи директно од сободен удар го изненади нашиот голман кој очекуваше дека некој ќе реагира, но топката на крајот заврши во нашата мрежа. Успеавме да ги консолидираме редовите и да го израмниме резултатот. Се играше акција од левата страна, Илхан Имери беше играчот кој упати центар шут во противничкиот шеснаесетник, на вистинското место се најде Нури Абдурамани кој бие од прва за израмнување на 1:1. Нашата радост не траеше брзо време, само што тргна гостинскиот тим од центар успеа да го врати водството, резултатот беше 1:2. Се вративме од почетокот, повторно моравме да бркаме негатива.

Домашниот тим имаше уште една опасна акција, после изведен корнер, биеше еден од играчите на гостите, но топката за наша среќа заврши крај голот. Имери кај нас се обиде, но шутира крај голот на противникот. Дојде и израмнувачкиот погодок, кој беше дело на Олег Трифуновски, кој во шенасесетникот пласираше топка со левата нога, истата заврши во мрежата на чаирчани за 2:2. Повторно деконцентрација во нашата последна дефанзивна линија, не помина ниту минута од израмнувачкиот гол, кога еден од играчите на Шкупи беше соборен во нашиот голмански простор, тоа значеше и удар од белата точка. Сепак, Христијан Рајевски успеа го прочита ударот на противникот, брани и спасува повторно негатива за Кул.

Овој резултат остана актуелен и до крајот на натпреварот. Во второто полувреме не видовме некоја сериозна прилика за постигнување на гол. Кај нас обиди имаа Беровиќ и Љамалари, но немаше реализација.Два удари имаше и противничката екипа, но до крајот немаше промена на резултатот, па натпреварот заврши со конечен резултат од 2:2.

Во игра влегоа уште и Мартин Ристов, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев, Газменд Љамалари и Никола Јовановски. Ова е прв освоен бод сезонава за нашите помлади пионери.