Трет последователен триумф сезонава за пионерите

Прв бод сезонава за помладите пионери, Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат
11/21/2021
Одличен викенд за нашиот клуб, освоивме 8 бодови на натпреварите со Шкупи
11/22/2021

Трет последователен триумф сезонава за пионерите

Пионерите стигнаа и до третиот последователен триумф сезонава. Во рамките на 5.коло, денес нашите момци беа домаќини на екипата на Шкупи. Натпреварот кој се одигра на Цементарница заврши во наша корист со резултат 3:0.

Тренерот Карчев започна со: Јордан Јосифов, Стефан Петрушевски, Владимир Стефановиќ, Томислав Богдановски, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски (К), Борјан Наков, Лулзим Амети, Виктор Стефановиќ , Белмин Цамиќ, и Мохамед Ахмедов.

Нашиот состав рано успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. Се играше 4.минута од натпреварот кога после една акција од левата страна, Виктор Стефановиќ упати прецизен центар шут во противничкиот шеснаесетник, Белмин Цамиќ се најде на вистинското место кој погодува за предност од 1:0. Бевме подобри во првото полувреме, имавме поголем посед на топка и создававме шанси кон противничкиот гол. Од прекин нафрли Стефановиќ Виктор, додека Борјан Наков биеше крај голот. Опасна акција имаше и гостинската екипа, но во нашиот простор успешно одбрани Јордан Јосифов и спречи израмнување, откако еден од играчите на Шкупи биеше од непосредна близина, но Јосифов одбрани рефлексно.

Пред да го зголемиме резултатот, во прилика се најде Белмин Цамиќ кој бие од некаде десеттина метри, одлично брани гостинскиот голман кој спасува нов гол во неговата мрежа. Сепак во следната наша акција, по втор пат го матираме противничкиот чувар на мрежата, откако од десната страна топка нафрли Цамиќ, голманот на Шкупи немаше добра проценка на топката, па Даниел Васиќ со глава од неколку метри ја заби топката во мрежата за водство од 2:0 после 20 минути игра. Можевме уште во првото полувреме да го решиме прашањето околу конечниот победник. После играње со рака во шеснаесетникот на гостите, главниот судија оправдано покажа на белата точка. Капитенот Матеј Цветановски ја зема топката, го изведе ударот од 11.метри, но гостинскиот голман го брани неговиот удар, па на полувреме се замина со резултат 2:0.

Во второто полувреме имавме целосна контрола на играта и ниту во еден период не му дозволивме на противникот да се закани кон нашиот гол и да ја намали предноста која ја стекнавме после првите 45 минути. Игравме паметно на средината на теренот, но се обидувавме да постигнеме и трет гол за помирен финиш од натпреварот. Првата прилика во овој дел ја имаше Борјан Наков, откако Цветановски се проби од десната страна и центрираше, топката ја зафати Наков, но голманот на Шкупи со одлична интервенција го спаси својот гол.

Еден обид имаше и противникот, но без сериозна закана за Јосифов. Како одминуваше натпреварот, тренерот Карчев ја освежуваше екипата, внесувајќи нови играчи на теренот. Токму еден од нив беше следниот кој се запиша во листата на стрелци. Се играше 75 минута кога Адис Зекири со силен и прецизен удар ја затресе гостинската мрежа, што значеше и предност од 3:0. Мирно се играше до крајот на натпреварот, за одбележување е обидот на Ахмедов кој заврши над голот, како и обид од слободен удар на гостите, кој го одбрани нововлезениот Димитриевски. Овој дуел заврши со конечни 3:0.

Играа уште и Давид Димитриевски, Андреј Алаџајков, Борис Неделковски, Благој Мијаков, Адис Зекири и Александар Блажески.