Одличен викенд за нашиот клуб, освоивме 8 бодови на натпреварите со Шкупи

Трет последователен триумф сезонава за пионерите
11/21/2021
(Фотогалерија) Шкупи изненаден, нашите младинци ги освоија бодовите
11/22/2021

Одличен викенд за нашиот клуб, освоивме 8 бодови на натпреварите со Шкупи

Одличен викенд за нашите младински екипи. Во рамките на 5.првенствено коло нашиот клуб за противник го имаше тимот на Шкупи. На четирите одиграни натпревари излеговме како подобри, освојувајќи вкупно 8 од можните 12 бодови, остварувајќи две победи и два нерешени резултати. Помладите пионери го освоија првиот бод сезонава, додека пионерите ја продолжија победничката серија, која трае три последователни натпревари. На гостувањето кај Шкупи, кадетите одиграа без голови, додека младинците беа подобри од противникот за прва победа сезонава.

Во ова коло, слободна беше екипата на Победа, а во продолжение можете да ги погледнете комплетните резултати во сите четири генерации.

Помлада пионерска Супер лига:

ФК Скопје – ФК Вардар  0:11

ФК Работнички – ФК Њу Старс  3:0

ФК Шкендија – ФК Македонија Ѓ.П  2:2

ФК Кул – ФК Шкупи  2:2

ФК Брегалница – ФК Академија Пандев  1:2

ФК Ренова – ФК Пелистер  1:0

Пионерска Супер лига:

ФК Скопје – ФК Вардар  1:2

ФК Работнички – ФК Њу Старс  3:0

ФК Шкендија – ФК Македонија Ѓ.П  0:0

ФК Кул – ФК Шкупи  3:0

ФК Брегалница – ФК Академија Пандев  0:3

ФК Ренова – ФК Пелистер  2:4

Кадетска Супер лига:

ФК Вардар – ФК Скопје  5:2

ФК Њу Старс – ФК Работнички  2:3

ФК Македонија Ѓ.П – ФК Шкендија  2:3

ФК Шкупи – ФК Кул  0:0

ФК Академија Пандев – ФК Брегалница  2:1

ФК Пелистер – ФК Ренова  2:1

Младинска Супер лига:

ФК Вардар – ФК Скопје  5:0

ФК Њу Старс – ФК Работнички  3:1

ФК Македонија Ѓ.П – ФК Шкендија  2:0

ФК Шкупи – ФК Кул  0:1

ФК Академија Пандев – ФК Брегалница  4:1

ФК Пелистер – ФК Ренова  3:0

Во следното 6.коло кое на програмата е во вторник и среда, за противник ја имаме екипата на Академија Пандев.