Без победник на кадетскиот натпревар на Кул и Академија Пандев

Кул на мегдан со Академија Пандев, вонредно коло во вторник и среда
11/22/2021
Со резултатски пресврт, младинците на Академија Пандев подобри од Кул
11/23/2021

Без победник на кадетскиот натпревар на Кул и Академија Пандев

Кадетите на Кул и Академија Пандев одиграа со нерешен резултат 1:1 (0:0) на натпревар од 6.коло во кадетската Супер лига.

Тренерот Стефановски започнна со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Стефан Ѓорѓиев, Јован Митревски, Јордан Петровски, Алан Ќеховиќ, Филип Стајковиќ (К), Никола Крстевски, Горјан Манасиевски, Стефан Петрушевски и Даниел Васиќ.

Во првото полувреме не видовме погодок во двете мрежи, екипите како да беа претпазливи посебно во дефанзивната линија одиграа внимателно и не дозволија поголеми опасности кон својот гол. Избраниците на Стефановски имаа мала теренска иницијатива, беа поконкретни во обидите да стигнат до погодок, но немаа некоја сериозна шанса. Даниел Васиќ ги имаше првите два удари на натпреварот, во првиот шутираше од голема далечина, без проблеми за гостинскиот голман кој ја прибра топката во своите раце, додека во вториот шутираше над голот. Гостинската екипа дури после 30 минути игра успеа да упати удар кој заврши далеку над голот. Во првиот дел два обиди имаше и Горјан Манасиевски, додека капитенот Филип Стајковиќ се обиде од слободен удар, но шутираше крај десниот голмански директ. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

На стартот од второто полувреме беа направени три измени во нашиот состав, во игра влегоа Борјан Наков, Белмин Цамиќ и Матеј Цветановски. Екипата на Академија Пандев успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. После еден центар шут од прекин, еден од противничките играчи со глава успеа да го совлада нашиот голман. Иако имавме негатива, сепак тргнавме мотивирано во продолжение од натпреварот. Нововлезениот Наков се најде во прилика, но во последен момент блокира еден од играчите на струмичани.

Првата голема шанса на натпреварот во нашиот состав ја имаше Стефан Ѓорѓиев. Од корнер топка нафрли Стајковиќ, во противничкиот шеснаесетник највисок со глава беше Ѓорѓиев кој бие од непосредна близина, но голманот на А.Пандев со добра реакција спречува израмнување на резултатот. Тргнавме офанзивно кон противничкиот гол, во прилика се најде Белмин Цамиќ кој после асистенција од Стајковиќ, се обиде да го загрози голот, но одбрани чуварот на мрежата на А.Пандев. Иницијативата даде резултат кога Борјан Наков во 74 минута успеа да искористи едно невнимание на противничката одбрана, успевајќи да ја затресе мрежата за израмнување на 1:1.До крајот на натпреварот остана овој резултат, немаше некоја сериозна прилика на двете страни.

После шест одиграни кола, нашите кадети имаат освоено вкупно 8 бодови.