Со резултатски пресврт, младинците на Академија Пандев подобри од Кул

Без победник на кадетскиот натпревар на Кул и Академија Пандев
11/23/2021
(Фотогалерија) Поделба на бодовите на натпреварот во помладата пионерска лига
11/24/2021

Со резултатски пресврт, младинците на Академија Пандев подобри од Кул

Денес во рамките на 6.првенствено коло, нашите младинци на Цементарница ја пречекаа екипата на Академија Пандев. Иако на полувреме имавме позитива од еден гол, сепак на крајот до три бода дојде гостинот од Струмица.

Стефановски започна со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Стефан Здравески (К), Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Никола Николов и Филип Кузмановски. 

Нашиот тим во раниот период од натпреварот успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. Се играше 7.минута од натпреварот кога после една нафрлена топка од корнер се создаде мешаница во противничкиот шеснаесетник, најприсебен беше Никола Николов на кој не му беше тешко од непосредна близина да го совлада голманот на гостите. Гледавме цврста игра од двете страни и Кул и Академија Пандев до крајот на првото полувреме создадоа неколку шанси. Ивановски асистираше до Николов кој се обиде со глава да го лобува противничкиот голман, но топката овој пат не завршува во мрежата. Имавме обиди и преку Здравески и и Станковски, но немаше реализација. Во последните 10 минути од првото полувреме, противникот беше поконкретен обидувајќи се да го израмни резултатот, Два опасни удари имаше гостинската екипа, посебно опасна беше акција во судиското продолжение од првото полувреме кога после центар шут од левата страна, еден од играчите на Пандев небранет од никого шутираше од непосредна близина, за наша среќа топката оди во гол аут.

Во второто полувреме, екипата на Академија Пандев успеа да направи резултатски пресврт и на крајот да го добие натпреварот. Противникот не казни за нашите грешки. Пред да биде израмнет резултатот, Гоце Коцевски се најде во шанса, откако Станковски нафрли топка во противничкиот шеснаесетник. Коцевски биеше од прва над голот. Гостинската екипа успева да го израмни резултатот, после нафрлена топка од корнер на прва статива еден од гостинските играчи успеа да го совлада Ројчинов и да го израмни резултатот на 1:1.Поради невнимание во нашата одбрана, беше направен прекршок за најстрога казна, пандевци реализираат за резултатски пресврт и водство од 1:2. До крајот на натпреварот, момците на Стефановски-Гаге тргнаа со сите сили за израмнување на резултатот.

Во шанси се најдоа Дамјан Ивановски и Леонид Стојчевски, додека најсериозната прилика ја имаше Никола Николов кој од добра позиција биеше многу непрецизно. На крајот слави гостинската екипа со резултат 1:2.

Играа уште и Ангел Петрушевски и Леонид Стојчевски.