ФК Џокер од Фурка беше гостин на Кул, двете екипи одиграа пријателски натпревар со генерацијата 2007

ЖФК КУЛ без бодови од натпреварот со Кочани
11/28/2021
(ФОТО) Пионери: Академија Пандев-КУЛ
11/29/2021

ФК Џокер од Фурка беше гостин на Кул, двете екипи одиграа пријателски натпревар со генерацијата 2007

Денес на Цементарница, активна беше генерацијата 2007 која одигра контролен натпревар против екипата на ФК Џокер од Фурка (Дојран). Противникот успеа на крајот да излезе како победник и да слави со резултат 0:2.

По еден гол во двете полувремиња постигна екипата на Џокер, додека ние исто така имавме свои шанси за погодок кои останаа нереализирани. Во првото полувреме обиди во два наврати имаше Арти Азизи, но голманот ги бранеше неговите удари, додека се обиде и Михаил Крстевски, но немаше реализација. Во второто полувреме немавме некоја конкретна прилика, додека гостинската екипа постигна гол после едно наше невнимание во одбраната. Во вториот дел, тренерот Горан Тодоровски им даде шанса за настап на сите играчи кои денес му беа на располагање.

КУЛ: Андреј Јованов, Душан Јовановски, Гаврил Петаноски, Марко Ристоски, Даниел Николовски, Газменд Љамалари, Арти Азизи, Лука Тасевски, Михаил Крстевски, Фисник Љамалари и Калин Лупевски.