Пионерите пропуштија шанса за победа, помладите пионери поразени од Пелистер

(ФОТО) ЖФК КУЛ – ЖФК Кочани
11/30/2021
Победа е нашиот следен противник, најава за натпреварите од 8.коло
12/03/2021

Пионерите пропуштија шанса за победа, помладите пионери поразени од Пелистер

Денес на Цементарница своите натпревари од вонредното 7 коло ги одиграа пионерските екипи, кои за противник ја имаа екипата на Пелистер.

Помладите пионери не успеаа за жал ниту на седмиот натпревар да остварат победа. Тие денес беа поразени од Пелистер со резултат 1:3. Екипата од Битола успеа уште во 7.минута од натпреварот со погодокот на Христијан Јовановски да го отворат резултатот и да поведат со 0:1. Избраниците на Карчев се вратија во игра, кога во 22 минута од натпреварот резултатот на 1:1 го израмни Омар Беровиќ. Нашата радост не траеше долго време, со оглед дека после само три минути, противникот враќа со погодок, дело на Габриел Крстевски кој носи предност од 1:2, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во вториот дел, падна само еден гол, истиот заврши во нашата мрежа. Се играше 64 минута кога со вториот гол на Крстевски, екипата на Пелистер ги постави конечните 1:3 на овој натпревар од 7.коло во помладата пионерска Супер лига.

КУЛ: Христијан Рајевски, Петар Лазовски, Александар Спасовски, Матеј Стојановски (К), Нури Абдурамани, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Фисник Љамалари, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев и Борис Павлов. 

Играа уште и Андреј Јованов, Јован Михов, Гаврил Петаноски, Михаил Крстевски, Олег Трифуновски и Никола Јовановски.

Пионерите пропуштија голема шанса за победа, откако примија гол во последните пет минути од натпреварот и освоија само бод против екипата на Пелистер. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:2.

Пелистер беше тимот кој прв успеа да го отвори резултатот со  убав погодок после одбиена топка во 20.минута од натпреварот, дело на Дарко Велјановски. Сепак нивната радост траеше кратко време, само две минути подоцна, Борјан Наков, успеа да донесе израмнување на 1:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Нашите момци заиграа поофанзивно во вториот дел од натпреварот, игра која ни донесе и предност од 2:1. Со вториот погодок на Борјан Наков успеавме да направиме резултатски пресврт, откако нашиот играч излезе очи во очи со противничкиот голман кој го совлада. После предноста имавме шанси преку Ахмедов, како и повторно преку Наков кој бие блиску пречката. Имаше и противникот свои обиди, кои ги бранеше Јосифов. Сепак на пет минути пред крајот, беше досуден пенал кој во гол го претвори капитенот Велјановски, кој го постави конечниот резултат 2:2.

Кул имаше можност да му го нанесе првиот пораз сезонава на Пелистер во пионерската лига, бевме блиску, но сепак гостинот се спаси и освои бод.

КУЛ: Јордан Јосифов, Владимир Стефановиќ, Стефан Филиповски, Томислав Богдановски, Бојан Нацев, Стефан Петрушевски, Лулзим Амети, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ и Матеј Цветановски (К). 

Играа уште и Благој Мијаков и Мохамед Ахмедов.