Победа е нашиот следен противник, најава за натпреварите од 8.коло

Пионерите пропуштија шанса за победа, помладите пионери поразени од Пелистер
12/01/2021
Нашиот клуб го одигра „некомплетното“ 7.вонредно коло
12/03/2021

Победа е нашиот следен противник, најава за натпреварите од 8.коло

За претстојниов викенд се закажани натпреварите од 8.првенствено коло за натпреварувачките екипи. Следен наш противник е екипата на Победа од Прилеп.

Во недела (05.12), нашите помлади пионери и пионери ќе гостуваат кај екипата на Победа на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Најпрво од 10:00 часот својот натпревар ќе го одиграат пионерските екипи, додека натпреварот на помладите пионери ќе започне од 12:00 часот.

Еден ден порано, во сабота (04.12), кадетите и младинците се домаќини на Победа. Натпреварите ќе започнат од 11:00 ( кадети) и 13:00 часот ( младинци) на стадионот на Цементарница.

Што се однесува до резултатите на нашиот противник до овој период од сезоната, Победа највисоко котира со младинците кои се втори на табелата со 15 бодови, додека најслабо се позиционирани кадетите, кои имаат само 5 бодови. Помладите пионери имаат освоено 10, додека пионерите 7 бодови.