Сениорките и кадетките со нови натпревари

Нашиот клуб го одигра „некомплетното“ 7.вонредно коло
12/03/2021
ФК КУЛ и Победа одиграа реми на натпревар во кадетска конкуренција
12/04/2021

Сениорките и кадетките со нови натпревари

Нови натпревари за нашите женски екипи, кои се закажани за претстојниов викенд.

Во рамките на 5.коло во втората женска фудбалска лига,  во сабота (04.12) нашите сениорки ќе гостуваат во Охрид кај екипата на ЖФК Билјанини Извори 2010. Натпреварот ќе се одигра на  на СРЦ ,, Билјанини Извори, со почеток од 14:00 часот. Противникот на три одиграни натпревари има скор од една победа, еден нерешен резултат и еден пораз, додека нашиот состав на исто толку натпревари оствари една победа и два порази.

Во недела (05.12) на Цементарница со почеток од 12:00 часот, натпревар од 6.коло ќе одиграат и нашите кадетки, кои за противник  го имаат тимот на ЖФК Скопје 2014. До овој дел од сезоната, ЖФК Скопје високо котира на табелата, со вкупно 12 освоени бодови од 5 одиграни натпревари, додека кадетките на Кул имаат одиграно само три натпревари, на кои освои 6 бодови.