ФК КУЛ и Победа одиграа реми на натпревар во кадетска конкуренција

Сениорките и кадетките со нови натпревари
12/03/2021
Триумф на младинците со храбра игра, совладана екипата на ФК Победа
12/04/2021

ФК КУЛ и Победа одиграа реми на натпревар во кадетска конкуренција

Денес на „Цементарница“ во рамките на 8.коло од кадетската Супер лига, ФК КУЛ беше домаќин на ФК Победа од Прилеп. Во еден динамичен дуел двата тима освоија по еден бод, натпреварот заврши со реми 1-1 (0-0).

Тренерот Стефановски започна со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Никола Крстевски, Стефан ЃорЃиев, Јован Митревски (К), Бојан Јанкулоски, Горјан Манасиевски, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Алан Ќеховиќ и Јордан Петровски. 

Воведните десетина минути не донесоа некое посебно возбудување пред головите на Цветковски и голманот на прилепчани. Прва прилика имаше нашиот капитен Митревски Јован кој се закани со глава во 15.минута од дуелот. Се играше пред се помеѓу двата казнени простори. ФК Победа се закани, но на нашиот гол сконцетриран беше Мартин Цветковски. На овој кадетски натпревар видовме добра и борбена игра од двата колектива, кои се обидуваа да ја освојат средината со желба да доминираат на теренот. Втора прилика за Кул да го отвори дуелот со погодок впиша Цамиќ Белмин кој упати удар од работ на казнениот простор, сепак остана почетниот резултат. Ривалот се закани во финишот со два удари кои минаа крај голот на нашиот тим, па на пауза се замина со резултатска симетрија, односно со почетниот резултат 0-0. На денешниот натпревар настапивме без капитенот, Филип Стајковиќ.


Само што започна вториот дел по само 100 секунди игра, противникот успеа да украде една топка на средината на теренот по брза полу-контра успеаа да отворат и погодија за 0-1. Веднаш тргнавме со сите сили на изедначување, во следната акција добивме корна. Од левиот агол прекрасно нафрли нововлезениот Цветановски Матеј, топката дојде до капитен Митревски Јован кој силно заби за 1-1. Само 60.секунди имавме негатива пред да ја вратиме резултатската рамноправност на оваа кадетска суперлигашка средба. Стрелецот на погодокот со волеј од 25.метра се обиде, сепак ударот на Митревски беше блокиран. Нашите момци во тој период беа во перманентен напад, следен се закани уште еден играч кој влез од клупата, Антонијо Стојановски.

Спречивме голема шанса на прилепчани, најпрвин одби во поле нашиот голман, во следниот обид на самата линија исфрли денес одличниот одбранбен играч Стефан Ѓорѓиев, тој од самата гол-линија успеја да ја спаси топката и ја исфрли во игра. Ние бевме во напад постојано, голема шанса пропушти Стојановски кој доби топка од Цветановски и од само 10-11 метра шутна за малку крај левиот директ. Наков Борјан следен се закани, но неговиот удар го сопре голманот на прилепчани. Сепак на крајот дуелот заврши со поделба на бодовите.

Играа уште и Борјан Наков, Матеј Цветановски, Антонијо Стојановски и Максим Илиевски. Ова беше деветти освоен бод сезонава за нашите кадети.