Триумф на младинците со храбра игра, совладана екипата на ФК Победа

ФК КУЛ и Победа одиграа реми на натпревар во кадетска конкуренција
12/04/2021
ЖФК КУЛ минимално поразен на кадетски натпревар од ЖФК Скопје
12/05/2021

Триумф на младинците со храбра игра, совладана екипата на ФК Победа

Младинците на ФК КУЛ дојдоа до трумф во дуелот со ФК Победа, на денешниот дуел на „Цементарница“. Нашите момци  со храбра и борбена игра освоија три бода, победувајќи со резултат 2-1 (2-0).

Натпреварот го стартувавме со: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Стефан Здравески (К), Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Никола Николов и Филип Кузмановски. 

Тргнавме офанзивно на овој младински дуел против тимот на ФК Победа, тоа беше рано наградено со погодок. Одличен соло-продор имаше и стрелаше необранливо во голот на гостинот Здравески Стефан, со неговиот погодок отворивме со 1-0. Стрелецот на голот упати силен удар кон казнениот простор, со глава топката смени правец, Љупче Стефановски за жал истата мина на неколку сантиметри над гредата. Ние бевме во целосна офанзива, дирекно од корна се закани Томи Становски, топката заврши во мрежата од надворешната страна. Победа се закани прв пат кон средината на првото полувреме, но на нашиот гол Ројчинов беше на висина на задачата. Имавме цел да ја удвоиме предноста, две големи шанси пропуштија за такво нешто нашите играчи Коцевски и Николов. Конечно дојде голот во 45.минута топката дојде до Ристески Бојан, тој упати лукав удар кој мина крај чуварите и заврши во мрежата на прилепчани. Со резултат 2-0 заминавме на пауза помеѓу двата дела на овој натпревар.


Вториот дел на овој суперлигашки дуел го започнавме на исти начин, со атак на голот на прилепска Победа. Коцевски Гоце како и во првиот дел така и во овој период се закани кон противничката мрежа. Победа се обиде да шутне од 20-сетина метра, силниот удар по земја беше одлично „собран“ од Ројчинов. Срелецот на првиот гол, Здравески Стефан од слободен удар упати силна топка па голманот на Победа беше принуден да ја расчистува опасноста со „боксување“ и да не дозволи трет гол за нас точно на средината на вториот период од овој натпревар.

Игравме одлично до крајот имавме две прилики, најпрвин Никола Николов се закани со удар откосо, топката мина крај голот. Потоа Томи Станковски, дирекно од корна шутна во голот, топката со крајни напори голманот на прилепчани ја исфрли во нова корна. Противникот успеа во последната минута само да намали на 2-1.

Во игра влезе и Ангел Петрушевски. Ова беше втора победа сезонава за нашите младинци.