ЖФК КУЛ минимално поразен на кадетски натпревар од ЖФК Скопје

Триумф на младинците со храбра игра, совладана екипата на ФК Победа
12/04/2021
Одличен ден за пионерските екипи, освоени четири бодови на натпреварите со Победа
12/05/2021

ЖФК КУЛ минимално поразен на кадетски натпревар од ЖФК Скопје

Денес на стадионот „Цементарница“ во рамките на 6.коло на кадетскиот тим на ЖФК КУЛ гостуваше тимот на ЖФК Скопје. Оваа средба заврши со минимална победа за гостинот со резултат 2:3 (1:1).

Започнавме со следниот состав: Сапунџиев Теа,  Јовановска Марија, Бајдевска Јана, Емини Канита,  Петрушевска Јована, Велковска Ане,  Пачовска Анастасија,  Наумовска Јована,  Крстеска Елена (К) , Димитровска Сара и  Давидов Деспина.

Двата млади тима покажаа желба за надигрување на почетокот на првиот дел, противникот се закани, но на нашиот гол денес мотивирана беше голманката Сапунџиев Теа која бранеше одлично. Противникот прв успеа да отвори и да поведа на оваа средба, тие во деветата минута стрелаа за почетни 0-1. Ние веднаш тргнавме во офанзива со цел да ја анулираме предноста на гостинскиот тим. Веќе во следната минута, односно во десетата топката дојде до Димитровска Сара, нашиот играч со одличен удар по земја успеа да донесе резултатска симетрија, 1-1. Двата тима имаа прилики во продолжение, сепак на одмор се замина со реми исход, односно со резултат 1-1.

Вториот дел од оваа женска кадетска средба започна повторно со неколку чудесни интервенции на нашиот голман Сапунџиев Теа. Во 31.минута гостинскиот тим повторно дојде во водство овој пат со резултат 1-2, нашите девојки повторно тргнаа во обид да изедначат. Успеавме во 43.минута да дојдеме до нерешено, одлично исолира Велковска Ане, успеа да стрела за резултат 2-2. Три минути потоа беше поставен конечниот резултат 2-3 со кој бевме минимално поразани на оваа средба.