Одличен ден за пионерските екипи, освоени четири бодови на натпреварите со Победа

ЖФК КУЛ минимално поразен на кадетски натпревар од ЖФК Скопје
12/05/2021
(Фотогалерија) Кадетите на КУЛ и Победа одиграа 1:1
12/06/2021

Одличен ден за пионерските екипи, освоени четири бодови на натпреварите со Победа

Пионерските екипи на Кул денес гостуваа во Прилеп, кај екипата на Победа, на натпреварите од 8.првенствено коло. Одлични резултати за нашите екипи, кои успеаа да освојат 4 од можните 6 бодови на овие натпревари.

Помладите пионери на Победа и Кул освоија по еден бод на натпреварот во помладата пионерска Супер лига, натпревар кој заврши со почетниот резултат 0:0. И двете екипи имаа свои шанси и добри периоди на игра, но сепак до крајот и двете мрежи мируваа, па дуелот заврши со поделба на бодовите.

КУЛ: Христијан Рајевски, Јован Михов, Александар Спасовски, Петар Трпевски, Матеј Стојановски (К), Нури Абдурамани, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Фисник Љамалари, Гаврил Петаноски и Олег Трифуновски.

Играа уште и Петар Лазовски, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев, Михаил Крстевски и Борис Павлов. 

Пионерите со три бода се враќаат од Прилеп, откако успеаа убедливо да ја совладаат екипата на Победа. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 0:4, со голови во вториот дел од натпреварот. Избраниците на Карчев доминираа на овој натпревар, што се отсликува и по крајниот исход. И во првиот дел имавме свои прилики. Како најсериозни ќе ги забележиме онаа на Борјан Наков кој шутираше крај голот после пас од Цамиќ, како и на Мохамед Ахмедов кој исто така се закани со шут над голот. Домашниот тим првиот сериозен удар го имаше пред крајот на првото полувреме, кога одбрани Јосифов.

Во вториот дел за само две минути успеваме да постигнеме два гола во мрежата на Победа. Во 54 минута резултатот го отвори Белмин Цамиќ кој погодува за 0:1. На голот претходеше изведен корнер од страна на Матеј Цветановски, топката прво ја удри Наков, која стигна до Цамиќ кој успешно реализира. Домашниот тим уште не се совзема од почетната негатива, а веќе беше принуден по втор пат да ја вади топката од својата мрежа. После одлична асистенција од страна на Наков, Мохамед Ахмедов беше играчот кој се запишува во листата на стрелци за предност од 0:2. Постојано се заканувавме кон противничкиот гол, следеше нова добра акција во 75 минута која во гол ја претвора Борјан Наков кој излезе очи во очи со голманот на Победа, а после претходно добра асистенција од Цамиќ, за веќе високи 0:3. Домашната екипа во меѓувреме имаше две шанси, но денес Јордан Јосифов не дозволи да биде совладан. „Печат“ на добрата игра со својот прв гол стави капитенот Матеј Цветановски кој погоди за 0:4, на асистенција од Ахмедов.

Ова беше четврта сезонска победа за нашите пиоенери, кои после 8 одиграни кола имаат освоено 13 бодови.

КУЛ: Јордан Јосифов, Владимир Стефановиќ, Стефан Филиповски, Томислав Богдановски, Бојан Нацев, Мохамед Ахмедов, Лулзим Амети, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски (К) и Белмин Цамиќ.

Играа уште и Давид Димитриевски, Горјан Георгиевски, Матеј Панов, Андреј Алаџајков и Никола Јовановски.