Одложените натпревари со екипата на Ренова добија нови термини

Пионерските екипи гостуваат во Тетово, кадетите и младинците се домаќини на Ренова
12/10/2021
Пионерите собраа најмногу бодови, како изгледаат табелите во сите четири лиги
12/15/2021

Одложените натпревари со екипата на Ренова добија нови термини

Одложените натпревари од 10.коло со екипата на Ренова добија нови термини.

Пионерските екипи во вторник (14.12) патуваат за Тетово каде ќе гостуваат на овој противник. На Игралиштетто на „АМС СЦ“ во Тетово дуелите ќе стартуваат од 10:00 и 12:00 часот.

Во среда (15.12), кадетите и младинците се домаќини на Ренова. Натпреварите ќе бидат одиграни на „Цементарница“ со почеток од 11:00 и 13:00 часот.

Ова ќе бидат последни натпревари во есенскиот дел за нашиот клуб.