Постигнати резултати за помладите пионери, стрелци и играчи со најголема минутажа

(ФОТО) КУЛ со генерацијата 2012 обезбеди полуфинале на турнирот во Бутел
12/26/2021
Пионерите освоија најмногу бодови, како помина есенскиот дел на оваа генерација
01/04/2022

Постигнати резултати за помладите пионери, стрелци и играчи со најголема минутажа

Во пресрет на паузата во младинските фудбалски лиги, ќе направиме преглед на остварените резултати за нашите екипи во есенскиот дел од сезоната, ќе започнеме со помладите пионери. Нашиот клуб ја игра дебитантската сезона во најсилната Супер лига.

Помладите пионери одиграа вкупно 8 натпревари, на кои освоија само 3 бода. Без победа, со три нерешени резултати и пет порази го финиширавме есенскиот дел од сезоната. Штета, што не освоивме уште некој бод во овој дел од сезоната, со оглед дека на некои натпревари први успеавме да го отвориме резултатот. Така беше на натпреварите со Њу Старс, Академија Пандев и Македонија Ѓ.П, посебно бевме блиску до победа на гостувањето во Струмица, каде домашниот тим во судиското надополнување успеа да израмни и да освои бод. Немавме континуитет во играта во двете полувремиња, на споменативе натпревари, па од тука губевме бодови. На табелата се наоѓаме на 11 .место, со надеж дека во пролетниот дел ќе се искачиме во горниот дел од табелата. Гол разликата е 10 постигнати и 23 примени голови.

Сите остварени резултати за помладите пионери: 

1 коло: Кул – Работнички  0:3

2 коло: Вардар – Кул  5:2

3 коло: Кул – Њу Старс  1:4

4 коло: Македонија Ѓ.П – Кул   3:1

5 коло: Кул – Шкупи  2:2

6 коло: Академија Пандев – Кул  3:3

7 коло: Кул – Пелистер   1:3

8 коло: Победа – Кул  0:0

9 коло: слободни

Што се однесува до играчите кои се запишуваа во листата на стрелци, по два гола постигнаа двајца играчи.

1. Петар Трпевски и Олег Трифуновски  (2 гола)

2. Нури Абдурамани, Омар Беровиќ, Јован Бошнаков, Стојанче Камчев, Дамјан Спасовски и Матеј Стојановски  (1 гол).

ТОП-5 играчи кои имаа најголема минутажа кај тренерот Никола Карчев се следниве:

 

  1. Фисник Љамалари   714 минути
  2. Александар Спасовски   701
  3. Матеј Стојановски   646
  4. Омар Беровиќ    613
  5. Гаврил Стојанов-Петаноски    599

Од првиот натпреварувачки круг, останува да се доигра одложениот натпревар против екипата на Ренова, како и натпреварите против екипите на Брегалница, Скопје и Шкендија, по што ќе започне и вториот натпреварувачки круг со натпревари против екипата на Работнички.