Пионерите освоија најмногу бодови, како помина есенскиот дел на оваа генерација

Постигнати резултати за помладите пионери, стрелци и играчи со најголема минутажа
01/03/2022
Кадетите одиграа само седум натпревари, преглед на полусезоната за нашиот тим
01/08/2022

Пионерите освоија најмногу бодови, како помина есенскиот дел на оваа генерација

Правиме преглед на есенскиот дел од сезоната во Супер Лигата за нашите пионери. Оваа генерација се покажа како најдобра во овој дел од сезоната, освојувајќи вкупно 13 бодови, односно на 8 одиграни натпревари остваривме 4 победи, 1 нерешен резултат и 3 порази. Имавме тежок старт на дебитантската сезона во најсилната Супер лига, со оглед дека во првите две кола за противници ги имавме екипите на Работнички и Вардар, натпревари на кои не освоивме бодови. Но како одминувааа натпреварите, работите си доаѓаа на свое место, следеше серија од три последователни победи, па тешко гостување во Струмица, како и дерби на домашен терен со екипата на Пелистер. Победнички го завршивме есенскиот дел со убедлив триумф на гостувањето кај тимот на Победа, додека натпреварот со Ренова не се одигра поради лошите временски услови. Имаме позитивна гол разлика, со 17 постигнати и 14 примени голови. Можеме да бидеме задоволни од постигнатите резултати, со оглед дека сме позиционирани на средината на табелата, но оваа генерација може многу повеќе, па сигурни сме дека сезоната ќе ја завршат во најгорниот дел од табелата во пионерската Супер лига.

Постигнатите резултати за пионерите на Кул:

1 коло: Кул – Работнички  0:5

2 коло: Вардар – Кул  2:0

3 коло: Кул – Њу Старс  2:1

4 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  2:5

5 коло: Кул – Шкупи  3:0

6 коло: Академија Пандев – Кул  2:1

7 коло: Кул – Пелистер  2:2

8 коло: Победа – Кул  0:4

9 коло: слободни

Кога сме кај листата на најдобри стрелци, на првото место се наоѓа капитенот Матеј Цветановски, додека веднаш зад него со гол помалку е Борјан Наков.

  1. Матеј Цветановски  5 (гола)
  2. Борјан Наков   4 (гола)
  3. Мохамед Ахмедов, Адис Зекири и Белмин Цамиќ  2 (гола)
  4. Даниел Васиќ и Стефан Петрушевски  1 (гол)

Во однос на статистиката, што се однесува до играчите со најголема минутажа, најмногу на теренот помина Владимир Стефановиќ.

  1. Владимир Стефановиќ   720 минути
  2. Даниел Васиќ   712
  3. Матеј Цветановски   692
  4. Борјан Наков   688
  5. Лулзим Амети  666