Кадетите одиграа само седум натпревари, преглед на полусезоната за нашиот тим

Пионерите освоија најмногу бодови, како помина есенскиот дел на оваа генерација
01/04/2022
Преглед на есенскиот дел за младинците
01/10/2022

Кадетите одиграа само седум натпревари, преглед на полусезоната за нашиот тим

Нашите кадети во есенскиот дел одиграа само седум натпревари во кадетската Супер лига на кои освоија 9 бодови. Остваривме две победи, три нерешени резултати и два порази. Најголемата победа секако беше против екипата на Вардар, но и против Македонија Ѓ.П која беше изразена со висока разлика. Постигнавме 10 додека примивме 7 голови и сме позиционирани на 9.место на табелата. Сепак треба да се напомене дека нашиот тим заедно со Македонија Ѓ.П и Скопје одиграа најмалку натпревари во овој дел од сезоната.

Постигнатите резултати за нашите кадети на седумте одиграни натпревари:

1 коло: Работнички – Кул  2:0

2 коло: Кул – Вардар  2:0

3 коло: Њу Старс – Кул  3:2

4 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  4:0

5 коло: Шкупи – Кул  0:0

6 коло: Кул – Академија Пандев  1:1

7 коло: Пелистер – Кул  (одложен)

8 коло: Кул – Победа  1:1

9 коло: слободни

Најмногу голови успеа да постигне капитенот Филип Стајковиќ, а уште пет играчи се запишаа во листата на стрелци:

  1. Филип Стајковиќ  3 (гола)
  2. Бојан Јанкулоски и Борјан Наков  2 (гола)
  3. Никола Крстевски, Јован Митревски и Љубомир Стојановски  1 (гол

Стоперот Ѓоргиев имаше најголема минутажа во овој дел од сезоната:

  1. Стефан Ѓоргиев  630 минути
  2. Јован Митревски   628
  3. Никола Крстевски   596
  4. Горјан Манасиевски   591
  5. Мартин Цветковски  540