Кадетите на Кул и Работнички одиграа без победник на контролен натпревар

Со кои противници Кул треба да одигра за комплетирање на првиот дел од сезоната во младинската Супер лига
01/21/2022
На голгетерски пријателски натпревар, кадетите на Кул и Вардар одиграа со нерешен резултат
02/06/2022

Кадетите на Кул и Работнички одиграа без победник на контролен натпревар

Нашите кадети денес го одиграа првиот контролен натпревар во новата година. Како подготовка за пролетниот дел од сезоната во лигата, денес одигравме пријателски натпревар против екипата на Работнички, противник кој важи за еден од најдобрите во кадетската лига и меѓу фаворитите за освојување на шампионската титула. На еден интересен и пред се ефикасен натпревар на крајот натпреварот заврши без победник со конечен резултат 3:3.

Денес на дело можевме да ги видиме и новите засилувања кои пристигнаа зимово во оваа генерација на Кул, кои сигурно дека ќе го подигнат нивото на игра и пред се ќе му овозможат на тренерот Стефановски да има поширок список на играчи на натпреварите кои ќе ги играме во пролетниот дел. Нашиот тим денес одигра одличен натпревар на кој по првото полувреме имаше предност од 3:1, но сепак во вториот дел Работнички постигна два гола и ги постави конечните 3:3.

Сепак, гледавме навистина квалитетен натпревар кој ни го приредија и двете екипи. Кул го отвори резултатот на 1:0 со погодокот на Јован Митревски кој погоди после центар шут од корнер на Стоимов за предност од 1:0. После нашата предност, противникот имаше две прилики, посебно првата беше сериозна кога еден од нивните играчи излезе очи во очи со голманот Цветковски, кој беше поуспешен, одлично реагираше и спречи израмнување. Гледавме игра на средината на теренот, но имаше желба кај двете екипи да создаваат шанси. Пред да го зголемиме резултатот, во уште една шанса се најде противникот од градски парк, но повторно сигурен на голот беше Цветковски. После една наша добра акција, успеавме да поведеме со 2:0 со голот на новото засилување, Теодор Перковски кој ја затресе мрежата на Работнички после асистенција од Манасиевски. После една мешаница во нашиот шеснаесетник, противникот постигна гол и намали на 2:1, за избраниците на Стефановски да го зголемат резултатот на 3:1 преку Бојан Јанкулоски кој направи неверојатен соло продор ослободувајќи се од неколку играчи, за во завршниот удар прецизно да бие и да ја испрати топката во мрежата.

Во вториот дел нашиот стратег им даде шанса за игра на уште неколку играчи. Во вториот дел и двете екипи имаа свои шанси, но Работнички реализаторски се покажа како подобар, постигна два гола и успеа до крајот да се избори за нерешен резултат 3:3. Ова беше силна и квалитетна контрола за нашите кадети, кои во недела ги очекува уште еден силен тест, наш противник ќе биде тимот на Вардар.

КУЛ: Мартин Цветковски, Никола Крстевски, Марко Мицевски, Јован Митревски, Јордан Петровски, Дарио Методиевски, Димитар Стоимов, Горазд Попов, Теодор Перковски, Бојан Јанкулоски и Горјан Манасиевски.