На голгетерски пријателски натпревар, кадетите на Кул и Вардар одиграа со нерешен резултат

Кадетите на Кул и Работнички одиграа без победник на контролен натпревар
02/03/2022
Вардар го доби младинскиот контролен натпревар со Кул
02/06/2022

На голгетерски пријателски натпревар, кадетите на Кул и Вардар одиграа со нерешен резултат

Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, нашите кадети одиграа пријателски натпревар со екипата на Вардар. Видовме еден квалитетен и ефикасен натпревар кој заврши со нерешен резултат 4:4.

Иако имавме негатива од два гола, сепак нашиот тим успеа да направи резултатски пресврт, но по истекот на првите 45 минути резултатот беше нерешен 3:3. Гледавме брзо темпо на игра на двете страни, натпревар кој подобро го отвори домашниот тим. Првиот директен удар кон еден од головите го имавме токму ние, кога Манасиевски го испроба својот удар, кој го брани голманот на Вардар, додека закана имаше и на спротивната страна но сигурен беше Цветковски на нашиот гол. Првата голема прилика, противникот успеа да ја претвори во гол и да го отвори резултатот за 1:0, па следеше уште еден погодок на Вардар за водство и од 2:0. Оваа негатива не ги демотивира нашите момци, кои во продолжение од натпреварот заиграа многу подобро. Пред да го постигнеме првиот гол, во прилика се најде Јанкулоски кој после продор од левата страна, биеше, но одбрани домашниот чувар на мрежата. Јован Митревски беше играчот кој успеа да го намали резултатот на 2:1 кој доби употреблива топка во шеснасетникот, нашиот капитен пласира прецизно по земја за смалување на негативата.

Ја превземавме иницијативата на теренот, во нова шанса се најде Манасиевски, која остана нереализирана, додека голема прилика за израмнување имаше Јанкулоски кој од неколку метри не успева да го совлада вардаровиот голман кој му влезе во ударот, на оваа акција претходеше асистенција од Манасиевски. Конечно после нова создадена шанса успеваме да го израмниме резултатот, стрелец беше Горјан Манасиевски кој погоди со глава, после асистенција од Перковски за резултат 2:2. Вардар имаше прилика да ја врати предноста, но нашиот тим имаше среќа, кога беше погодена стативата од голот на Цветковски, но ние успеваме да направиме комплетен резултатски пресврт. После додадена топка од Методиевски во противничкиот шеснасетник, Горјан Манасиевски беше играчот кој ја погоди мрежата за наше прво водство од 2:3. Во последните две минути од првото полувреме, Вардар успева после изведен корнер да постигне гол и да израмни на 3:3, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме, нашиот тренер Стефановски им даде шанса за настап на сите играчи, кој добија минутажа на теренот. Во овој дел од натпреварот не видовме многу шанси, но мора да признаеме деква видовме два убави голови. Довчерашниот играч на Вардар, Димитар Стоимов денес одигра одлично, но можеби беше и стрелец на најубавиот гол, кој го постигна директно од корнер за водство од 3:4. Пред да биде израмнет резултатот, шанси две имаше противникот, но немаше промена на резултатот.

Се играа последните десет минути од мечот, кога исто така видовме убав гол, овој пат дело на Јовановски Филип од редовите на домашниот тим, кој го совлада Цветковски, додека пред крајот на дуелот, Вардар се најде во уште една добра шанса, но во последен момент еден од нашите играчи ја исфрли топката од гол линијата и спречи пораз. Натпреварот заврши со конечни 4:4.

Уште една квалитетна контрола за нашите кадети, кои после ремито со Работнички, денес одиграа без победник и на натпреварот со Вардар.

КУЛ: Мартин Цветковски, Марко Мицевски, Никола Крстевски, Јован Митревски, Мухамедин Фејзула, Димитар Стоимов, Дарио Методиевски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Бојан Јанкулоски и Горјан Манасиевски.