Вардар го доби младинскиот контролен натпревар со Кул

На голгетерски пријателски натпревар, кадетите на Кул и Вардар одиграа со нерешен резултат
02/06/2022
(Фотогалерија) КУЛ-Вардар (кадети)
02/08/2022

Вардар го доби младинскиот контролен натпревар со Кул

Младинците на Кул денес го одиграа првиот контролен натпревар во новата година. Избраниците на Драган Стефановски гостуваа кај Вардар, натпревар кој го доби домашниот тим со резултат 2:0.

Долгата пауза со неиграње натпревари си го направи своето, па денес нашиот состав загуби од Вардар, натпревар на кој не видовме некои изгледни шанси од нашиот тим. Сепак ова се пријателски натпревари кои служат за воигрување и за подигнување на формата во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната. Противникот успеа да поведе од својата прва посериозна шанса, и тоа на нафрлена топка од корнер, невнимание во нашата одбрана која му дозволи на вардаровиот напаѓач да биде највисок во скокот и да ја погоди нашата мрежа за водство од 1:0.

Вардар имаше теренска иницијатива во првиот дел, додека ние некако не успеавме да се поврземе на теренот и делувавме отсечено. Нашиот голман Ројчинов имаше две интервенции во овој дел од дуелот, додека кај нас се закани капитенот Стефан Здравески со удар од некаде 18.метри, топката помина крај голот, па резултатот на полувреме остана 1:0.

Во вториот дел не видовме многу шанси на двете страни, кај нас најизгледната ја имаше Гоце Коцевски кој после центар шут од корнер, биеше од неколку метри, но одбрани голманот на Вардар и спречи израмнување. Домаќинот ја користи и својата втора поголема шанса, за водство од 2:0, резултат кој се покажа и како конечен на крајот. Во вториот дел нашиот тренер им даде шанса за настап и на останатите играчи кои беана клупата.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Бојан Ристески, Филип Јаневски, Томи Станковски, Стефан Здравески, Ангел Петрушевски, Гоце Коцевски и Леонид Стојчевски.