Победа за кадетите на натпревар против екипата на Ренова

Старт на пролетниот дел во лигата, на програмата е одложеното коло со Ренова
02/17/2022
Цветановски ја реши Ренова, прв пролетен триумф за младинците
02/19/2022

Победа за кадетите на натпревар против екипата на Ренова

Денес на Цементарница нашите кадети го одиграа заостанатото 10.коло против екипата на Ренова. На натпревар на кој бевме подобри успеавме да триумфираме со резултат 2:0 и на тој начин да стигнеме до третата сезонска победа.

Нашиот тренер Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Марко Мицевски, Никола Крстевски, Стефан Ѓоргиев, Јован Митревски (К), Димитар Стоимов, Мухамедин Фејзула, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стојанов и Јордан Петровски.

Во првото полувреме падна само еден гол, истиот го постигна нашиот тим за минимално водство од 1:0 на полувреме. Се играше претежно на средината на теренот во овој дел од натпреварот на кој немаше некоја посериозна шанса за загрозување на голот од двете страни. Сепак, бевме поконкретни од противникот, имавме посед на топка и се обидувавме да создадеме акција за погодок.

Првиот обид го имаше Стоимов кој биеше со глава крај голот, откако топка нафрли Јордановски. Се закани и екипата на Ренова. но одбрани нашиот голман Цветковски. Пред да биде отворен резултатот во шанса се најде и Манасиевски, но одбрани гостинскиот голман. Погодокот дојде во 33 минута од натпреварот и тоа дело на Димитар Стоимов кој со прекрасен гол од слободен удар успеа да го матира голманот на Ренова и да донесе предност од 1:0.До крајот на првото полувреме се обиде и Јован Митревски кој шутира над голот, после центар шут од Стоимов. Противникот речиси и да немаше конкретна закана кон нашиот гол, па на кратка пауза се замина со резултат 1:0.

Имавме иницијатива и во вториот дел од натпреварот, период во кој исто така успеавме да постигнеме гол. Немаше многу шанси исто така и во вториот дел, но ние сепак една успеавме да претвориме во гол. Како шанса ќе ги одбележиме оние на Дарио Методиевски и Мухамедин Фејзула, во иедна иста акција но немаше промена на резултатот.

Печат на победата ставивме во 65 минута од натпреварот кога после центар шут од корнер на Стоимов, највисок со глава во противничкиот шеснаесетник беше капитенот Јован Митревски кој со галава ја заби топката во голот за водство од 2:0. После зголемување на резултатот, имавме контрола на играта и не дозволивме противникот посериозно да се закани кон нашиот гол. На крајот победа за нашите кадети со конечен резултат 2:0.

Во игра во вториот дел влегоа и Алан Кеховиќ, Шевал Мифтари и Илче Миланоски.