Без победник на натпреварот на помладите пионери против екипата на Ренова

Цветановски ја реши Ренова, прв пролетен триумф за младинците
02/19/2022
Победнички пролетен старт за нашите пионери
02/20/2022

Без победник на натпреварот на помладите пионери против екипата на Ренова

Денес со пионерските екипи бевме гости на екипата на Ренова, на одложените натпревари од 10.коло. Помладите пионери на Ренова и Кул одиграа без победник, односно со почетниот резултат 0:0.

Бевме подобрата екипа на теренот и можеме да жалиме што не успеавме да ги освоиме сите три бода на ова гостување во Тетево. Во првото полувреме имавме две сериозни шанси да го отвориме резултатот, иако мора да признаеме дека главниот судија на овој дуел не досуди чест пенал за нашата екипа, кога еден од нашите играчи беше фаулиран внатре во шеснаесетникот на противникот, сепак судијата покажа дека се работи за фаул надвор од голманскиот простор.

Првата сериозна шанса на натпреварот ја имаше Хабиб Бектеши, кога доби одлична топка, имаше простор и позиција да реализира, се одлучи за удар ниско по земја, но голманот на Ренова одлично интервенираше и спаси негатива. Бектеши ја имаше и втората голема прилика за Кул во првиот дел, откако се ослободи од противничкиот голман можеше да оди уште некој метар понапред, но се реши веднаш да шутира, во последен момент еден од домашните играчи со лизгачки старт речиси ја извади топката од гол линијата и со тоа спаси чист погодок. Штета што не успеавме барем една шанса да реализираме и да стигнеме до предност. Домаќинот исто така се закани, после центар шут од слободен удар и една мешаница во нашиот шеснаесетник, играчот на Ренова биеше само над голот на Диковски. Кај нас обид имаше и Фисник Љамалари, но одбрани домашниот чувар на мрежата, додека противникот после едно наше невнимание во дефанзивната линија можеше лесно да поведе, но за наша среќа топката не заврши во голот. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

Во вториот дел видоме само една сериозна прилика за отварање на резултатот и повторно ја имаше Хабиб Бектеши кој од непосредна близина не успева да го совлада голманот на домаќинот, после одлична асистенција од Љамалари. Се обидувавме да стигнеме до предност, имавме игра, но немавме реализиција во завршниот обид. Се закани и Илхан Имери кога топката заврши кај голот, додека Ренова исто така имаше шанса, но без поголеми возбудувања, нашиот голман Диковски ја исбоксува топката и ја отстрани опасноста. На крајот натпреварот заврши без голови 0:0.

Стартниот состав: Даниел Диковски, Петар Трајковски, Александар Спасовски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Хабиб Бектеши, Јован Бошњаков, Илхан Имери, Фисник Љамалари, Невен Костадинов и Тарик Ризвановиќ.

Играа уште и Јован Михов, Дамјан Спасовски, Никола Јовановски, Михаил Крстевски и Душан Ангелевски.