Штипска Брегалница е наш противник во рамките на 11.коло

(Фотогалерија) Петта првенствена победа за пионерите
02/24/2022
Минимален пораз за кадетите на гостувањето во Штип
02/26/2022

Штипска Брегалница е наш противник во рамките на 11.коло

За претстојниов викенд на програмата се натпреварите од 11.првенствено коло. Нашиот клуб ќе се сретне со екипата на Брегалница.

Во сабота (26.02), кадетите и младинците патуваат за Штип каде ќе ги одиграат своите натпревари со екипата на Брегалница. На теренот „Бело Брдо“ истите ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот.

Во недела на „Цементарница“ со пионерските екипи сме домаќини на истиов противник, натпревари кои ќе стартуваат од 10:00 и 12:00 часот.

Брегалница важи за еден од подобрите клубови во младинските лиги, па сигурно дека не очекуваат тешки и неизвесни натпревари со овој противник.