Падна Брегалница, прва сезонска победа за помладите пионери

Без победник на младинскиот натпревар на Брегалница и Кул
02/26/2022
Дербито во пионерската Супер Лига му припадна на Кул, Ахмедов донесе три бода на дуелот со Брегалница
02/27/2022

Падна Брегалница, прва сезонска победа за помладите пионери

Нашите помлади пионери ја забележаа првата сезонска победа. Денес на Цементарница ни гостуваше екипата на Брегалница која ја совладавме со резултат 2:0, со погодоци во првиот дел од натпреварот.

Тренерот Рафески стартуваше со следниве 11-сетмина: Даниел Диковски, Милан Кузманоски, Петар Трајковски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Хабиб Бектеши, Јован Бошнаков, Фисник Љамалари, Невен Костадинов и Тарик Ризвановиќ.

Доминација на нашите момци во текот на целото прво полувреме, период во кој успеаа да се стекнат со предност од два гола. Првиот обид го имаше Хабиб Бектеши кој шутираше над голот на противникот, додека во следната наша акција успеваме да го отвориме резултатот на 1:0. Бектеши беше играчот кој успешно асистираше до Фисник Љамалари кој од неколку метри успева да го совлада голманот на Брегалница за наша предност во 13 минута. Целата игра се одвиваше на половината на противникот, едноставно бевме во налет и сакавме да го зголемиме резултатот. Тоа и се случи во следната прилика, односно во 17 минута од дуелот, повторно стрелец на голот е Фисник Љамалари кој најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник, биеше прецизно за водство од 2:0. Отежнати беа условите за игра на Цементарница поради дождливото време, но избраниците на Рафески играа одлично и повеќе ја посакуваа победата.

Од слободен удар се обиде Невен Костадинов, но голманот на Брегалница овој пат го брани ударот. Добра шанса за зголемување на резултатот имаше Тарик Ризвановиќ, откако од левата страна топка нафрли Бекштеки, истата стигна до Ризвановиќ кој бие, но противничкиот голман со одлична интервенција спаси поголема негатива. На нашиот гол во последните 15 минути од првото полувреме со неколку интервенции се истакна Даниел Диковски, додека последната шанса во првиот дел ја имаше Љамалари кој биеше со освртување, но одбрани гостинскиот голман. На полувреме се замина со резултат 2:0 во наша корист.

Одигравме добро и во второто полувреме, во кое имавме контрола на играта и резултатот. Не видовме погодок во овој дел од натпреварот, иако имавме шанса за такво нешто. Најголемата прилика за зголемување на предноста ја имаше Хабиб Бектеши и тоа после една добра акција со Љамалари, сепак голманот на Брегалница со одлична интервенција спаси поголема негатива. Обид имаше и капитенот Петар Трпевски од слободен удар, но немаше промена на резултатот. Екипата од Штип се обиде да го намали резултатот, но денес ние одлично функциониравме на теренот и не дозволивме посериозна закана кон нашиот гол. На крајот конечниот резултат гласеше 2:0.

Во игра влегоа уште и Олег Трифуновски, Нури Абдурамани, Андреј Ѓуроски и Михаил Крстевски. 

Ова е прва сезонска победа за нашите помладите пионери кои денес одиграа одличен натпревар.