Дербито во пионерската Супер Лига му припадна на Кул, Ахмедов донесе три бода на дуелот со Брегалница

Падна Брегалница, прва сезонска победа за помладите пионери
02/27/2022
Освоени 7 бодови на натпреварите со Брегалница, комплетни резултати од 11.коло
02/28/2022

Дербито во пионерската Супер Лига му припадна на Кул, Ахмедов донесе три бода на дуелот со Брегалница

Во еден цврст и неизвесен натпревар, нашите пионери успеаа да ја победат екипата на Брегалница, во дербито на 11.коло во пионерската Супер Лига. Само еден гол го реши победникот, а истиот заврши во мрежата на штипјани, за конечни 1:0 на овој дуел.

Тренерот Нацев стартуваше со следниве 11-сетмина: Давид Димитриевски, Дамјан Љубомировски, Томислав Богдановски, Мохамед Ахмедов, Виктор Стефановиќ, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Бојан Нацев, Стефан Филиповски, Матеј Цветановски (К) и Осман Фејзула.

Со оглед на тешкиот терен за игра и дождливото време, може двете екипи не можеа да дојдат до целосен израз, но на крајот трите бода останаа во Скопје. Гледавме навистина борбен натпревар, можеби не убав за око, но нашите момци повеќе ја посакуваа победата. Првиот директен удар на овој дерби натпревар го имаше гостинската екипа, но на нашиот гол беше сигурен Димитриевски. Првата голема прилика ја имаа момците на Нацев, Борјан Наков од десната страна се најде во добра позиција да го отвори резултатот, но нашиот играч биеше само во голманот, па остана резултатот оној почетниот. Ние имавме поголем посед на топка и се обидувавме да го пронајдеме патот до голот на Брегалница.

Од голема далечина обид имаше Ахмедов, но безопасно за голманот на гостите, додека истиов играч се најде во шанса после центар шут од прекин на Бојан Нацев, но Ахмедов шутираше само крај голот. Во последните пет минути од првиот дел се закани и Нацев, но немаше промена на резултатот.

Се играше 53 минута од второто полувреме, кога нашата екипа успеа да дојде до предност. Од левата страна центар шут упати Наков, на вистинското место се најде Мохамед Ахмедов кој со глава на втора статива успеа да го совлада противничкиот голман и да донесе голема радост и водство од 1:0. До крајот на натпреварот немаше некоја посериозна шанса кон двата гола.

Од слободен удар од левата страна се обиде Бојан Нацев, но голманот одбрани, додека обид имаше и нововлезениот Амети, но немаше реализација. На крајот победа со резултат 1:0.

Во игра влегоа уште и Владимир Стефановиќ, Лулзим Амети, Адис Зекири и Александар Блажески.

Ова беше шестта победа за нашите пионери, со новите три бода остануваме конкуренти за висок пласман на крајот од сезоната.