Стартуваше Детската Лига, генерација 2011 одигра два натпревари

Генерација 2009 со победа против Шкупи ја стартуваше Детската Лига
03/05/2022
Кадетките поразени на гостувањето во Струга
03/05/2022

Стартуваше Детската Лига, генерација 2011 одигра два натпревари

Генерацијата 2011 ги одигра првите натпревари во Детската Лига. Денес на терените на ФФМ после подолга пауза повторно се активираше ова натпреварување. Избраниците на Мики Тодоровски за противници ги имаа екипите на Албарса и Тефејуз.

Најпрво на теренот излезе Кул (1) кој се сретна со екипата на Албарса. Видовме еден квалитетен и борбен натпревар, со акции и шанси на двете страни. На крајот натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2. Противникот прв успеа да го отвори резултатот, за ние да вратиме со голот на Јаков Савов.

До крајот на првиот дел, падна уште по еден гол во двете мрежи. Најпрво Албарса ја врати предноста за 2:1, додека израмнување ни донесе Давид Ночевски. Во второто полувреме имавме неколку добри шанси, но немавме среќа да постигнеме гол, најзрелата ја имаше Давид Ночевски кој во последните секунди од дуелот ја погоди пречката од противничкиот гол.

Кул (2) го загуби натпреарот од екипата на Тефејуз, со резултат 2:4. Противникот по првото полувреме имаше солидна предност од 0:3. Ние одигравме подобро второ полувреме, во кое постигнавме два гола, истите беа дело на Андреј Димовски и Милош Милошевски кој ја затресе мрежата на Тефејуз од слободен удар.