Кадетките поразени на гостувањето во Струга

Стартуваше Детската Лига, генерација 2011 одигра два натпревари
03/05/2022
Наков „творец“ на пресвртот со кој КУЛ го совлада ФК Скопје на дуел во пионерската Супер Лига
03/05/2022

Кадетките поразени на гостувањето во Струга

Денес во Струга, нашите кадетки го стартуваа пролетниот дел во женската кадетска лига. Ние гостувавме кај екипата на АЦЦ Унитед, од која бевме поразени со резултат 2:1.

Противникот поведе со головите на Аниса Борова и Арба Мерко, додека единствениот погодок за нас го постигна Меланија Грозданова.

КУЛ: Теа Сапунџиев, Меланија Грозданова (К), Јана Бајдевска, Јована Петрушевска, Ане Велковска, Канита Емини, Анастасија Пачовска, Елена Крстеска, Сара Атанасовска, Сара Димитровска и Јована Наумовска.

Играа уште и Ивона Блажевска, Марија Јовановска и Деспина Давидов.

Ова беше шестти натпревар сезонава за нашите кадетки, кои имаат учинок од три победи и исто толку порази.