Генерација 2009 со победа против Шкупи ја стартуваше Детската Лига

Помладите пионери редат победи, ФК Скопје „падна“ пред нивниот налет
03/05/2022
Стартуваше Детската Лига, генерација 2011 одигра два натпревари
03/05/2022

Генерација 2009 со победа против Шкупи ја стартуваше Детската Лига

Денес стартуваше детската фудбалска лига на терените на фудбалската федерација на Македонија. Својот прв натпревар го одигра генерацијата 2009 предводена од Марко Арсовски. Прв натпревар и веднаш победа за нашите млади надежи кои беа подобри од екипата на Шкупи. Конечниот резултат гласеше 5:2, додека на полувреме нашиот тим имаше водство од 2:0.

Игор Трпковски беше играчот кој го отвори резултатот за 1:0, додека со погодокот на Марко Стојаноски зголемивме на 2:0, резултат кој беше актуелен на полувреме. Игравме одлично на овој дуел и може да кажеме дека заслужено стигнавме до првата победа на отварањето на сезоната во Детската Лига. Бевме ефикасни и во второто полувреме, во кое успеавме да постигнеме уште три гола.

Со вториот гол на Марко Стојаноски зголемивме на 3:0, за во листата на стрелци да се запише и Јован Гиевски за водство од 4:0. Следеа два брзи гола на Шкупи за намалување на 4:2, додека во последната минута од натпреварот, Марио Николовски кој денес слави роденден ги постави конечните 5:2 на овој натпревар. Тренерот Арсовски им даде шанса за настап на сите играчи.

Честитки до нашите момчиња за победата.