Наков „творец“ на пресвртот со кој КУЛ го совлада ФК Скопје на дуел во пионерската Супер Лига

Кадетките поразени на гостувањето во Струга
03/05/2022
(Фотогалерија) Стартна победа во Детската Лига за генерација 2009
03/06/2022

Наков „творец“ на пресвртот со кој КУЛ го совлада ФК Скопје на дуел во пионерската Супер Лига

Пионерите на КУЛ дојдоа до победа со пресрт на средбата со тимот на ФК Скопје на денешната средба одиграна на стадионот „Цементарница“. Овој суперлигашки пионерски натпревар заврши со резултат 3-1 (1-1).


КУЛ дуелот го започна со овој состав: Димитриевски Давид , Љубомировски Дамјан, Богдановски Томислав, Фејзула Осман, Ахмедов Мохамед, Стефановиќ Виктор, Наков Борјан , Васиќ Даниел , Нацев Бојан, Филиповски Стефан и Цветановски Матеј (К).


Првиот дел започна по дождливо време па играта беше отежната за двата пионерски состави. Ние имавме делумна теренска иницијатива на оваа пионерска средба, сепак во првиот половина час немаше шанси за одбележување на двете страни. По лоша реакција на нашата одбрана во 33.минута гостинскиот тим успеа да поведе со 0-1. Ние веднаш тргнавме во офанзива за враќање на резултатската симетрија, успеавме веќе по две минути, во 35.минута дојдовме до реми резултат. Топката дојде до Борјан Наков кој стрелаше неодбранливо за 1-1. До крајот на првиот дел имавме уште две прилики по кои можевме да дојдеме до целосен пресврт, од слободен удар се закани Васиќ Даниел, чиј удар беше блокиран. Последна прилика за гол имаше Ахмедов Мохамед, неговиот удар голманот на Скопје успеа да го сопре. Во последната минута двата тима останаа со по еден играч помалку во поле, бидејќи беа доделени црвени картони, по еден во двата колектива заради неспортска игра. На одмор на оваа пионерска средба заминавме со реми 1-1.


Вториот дел го започнавме офанзивно, најпрвин се заканивме преку Васиќ Даниел и Нацев Бојан чии удари не донесоа прво водство за нашиот тим. Одлична шанса од непосреда близина пропуштивме кога мајсторски со глава во казнениот простор спушти Цветановски Матеј, топката дојде до Стефановиќ Виктор кој упати волеј-удар кој го скроти голманот на Скопје. Стрелецот на првиот гол Борјан Наков, повторно беше таличен за противникот, тој пак беше највешт пред противничкиот гол и погоди за 2-1 во 64.минута.

Сите „конци“ ги преземаве во наши раце, ние бевме тимот кој доминираше на теренот. Во 70.минута беше досуден пенал за нас, во следната минута одлично истиот го изведе Васиќ Даниел со чиј погодок дојдовме до високи 3-1. По погодокот имавме две прилики за гол од слободен удар, Нацев и Цамиќ Белмин иако изведоа солидни слободни удари сепак не погодивме по четврти пат. Победата дојде до 3-1 со која впишавме нови три бода.


Играа уште: Стефановиќ Владимир, Амети Лулзим, Цамиќ Белмин и Зекири Адис. Ова беше седма победа сезонава за нашата пионерска екипа.