Помладите пионери редат победи, ФК Скопје „падна“ пред нивниот налет

КУЛ против Скопје, во рамките на 12.првенствено коло
03/04/2022
Генерација 2009 со победа против Шкупи ја стартуваше Детската Лига
03/05/2022

Помладите пионери редат победи, ФК Скопје „падна“ пред нивниот налет

Денес помладите пионери на ФК КУЛ беа домаќини на тимот на ФК Скопје на првенствен дуел од Супер лигата. На натпреварот кој се одигра на стадионот „Цементарница“ дојдовме до победа со резултат 2-0 (0-0). Врзавме два победи по ред во со оваа генерација.


Рафески дуелот го започна со следниот состав: Диковски Даниел, Кузманоски Милан, Трајковски Петар, Трпевски Петар (К), Стојановски Матеј, Спасовски Александар , Имеров Илхан, Бектеши Хабиб, Љамалари Фисник, Костадинов Невен и Ризвановиќ Тарик.


Во првата половина на првиот дел двата тима играа борбено, имаа голем број на дуели во рамки на дозволеното. Се надигруваа, сепак немаше прилики за одбележување на двете страни. Прва конкретна шанса имаше противникот чиј удар го сопре нашиот голман, Диковски Даниел . Потоа прва прилика за нашиот тим впиша, Спасовски Александар кој се закани во 27.минута, откако неговиот удар го скроти гостинскиот голман. Влеговме во ритам и имавме три конкренти шанси за гол до крајот на првите 45.минути.Љамалари Фисник шутна одлично, но голманот на гостите успеа да скроти. Се изведуваше корна за нас топката дојде до Бектеши Хабиб , чиј удар заврши крај голот. Најголемата шанса ја имавме во 41.минута кога топката дојде до Бектеши Хабиб, тој успеа да се ослободи од чуварот одлично го лобуваше голманот кој не можеше да интервенира, за жал топката заврши над гредата. На одмор заминавме со почетните 0-0 на оваа средба.


Во вториот дел започнавме со акции и напади на самиот почеток од корна директ, се закани нашиот капитен, Трпевски Петар. Потоа Бектеши Хабиб упати удар крај голот на гостинскиот тим. Постојано имавме напади кон голот на гостинот. Имеров Илхан и Бектеши Хабиб имаа прилики кои не ги претворија во гол, имавме и подогоци кои беа поништени поради недозволени ситуации. Целосната доминација ветуваше дека ќе дојдат приликите кои ќе се искористат. Конечно дојдовме до погодок, се играше 80.минута, за нас одлично регираше Стојановски Матеј кој стрелаше за голема радост и предност од 1-0. Почна да доаѓаат наградите за одличната игра во поле, добивме пенал. Предноста ја удвои со одличен удар капитенот Трпевски Петар, со неговиот погодок поведовме со високи 2-0 во 88.минута. Со тој резултат дојдовме до втора победа по ред во низа.


Во игра влегоа: Јовановски Никола, Бошнаков Јован и Ѓуроски Андреј.