Одложените натпревари со Скопје ќе се одиграат во четврток

(Фотогалерија) Стартна победа во Детската Лига за генерација 2009
03/06/2022
КУЛ повторно гостин на Партизан, пријателски натпревари со генерациите 2009 и 2010
03/10/2022

Одложените натпревари со Скопје ќе се одиграат во четврток

Заостанатите натпревари од 12.коло против екипата на Скопје ќе се одиграат во четврток (10.03). Истите беа одложени поради лошите временски услови, со кадетите и младинците. Познато е дека нашите пионерски екипи ги одиграа своите натпревари со овој противник на кој забележаа победи.

Натпреварите во четврток ќе се одиграат на теренот во Нова Колонија. Најпрво со почеток од 13:00 часот ќе стартуваат кадетите, додека дуелот на младинските екипи ќе започне од 15:00 часот.

Нашите екипи се фаворити за освојување на бодовите, со оглед дека Скопје нема освоено ниту еден бод во двете категории.