Куманово и Македонија Ѓ.П беа противници за генерација 2009 во денешното коло од Детската Лига

Младинците минимално поразени од Шкендија
03/13/2022
КУЛ подобар од Шкендија во меѓусебното соочување, освоени 9 од максималните 12 бодови
03/14/2022

Куманово и Македонија Ѓ.П беа противници за генерација 2009 во денешното коло од Детската Лига

Денес на терените на ФФМ, генерацијата 2009 предводена од Марко Арсовски одигра два натпревари. Активни бевме со двете екипи, кои за противници ги имаа екипите на Куманово и Македонија Ѓ.П.

ФК Кул (1) успеа да го добие натпреварот со екипата на Куманово (1), додека Кул (2) доживеа пораз од тимот на Македонија Ѓ.П (1). Во продолжение погледнете неколку фотографии од двата натпревари, додека целосната галерија ќе биде достапна во наредниве денови. Честитки до нашите екипи за борбената игра, сите дадоа свој максимум на теренот.