Младинците минимално поразени од Шкендија

Нова победа над Шкендија, кадетите на КУЛ со три гола подобри од тетовчани
03/13/2022
Куманово и Македонија Ѓ.П беа противници за генерација 2009 во денешното коло од Детската Лига
03/13/2022

Младинците минимално поразени од Шкендија

Денес на стадионот „Цементарница“ младинците на КУЛ беа домаќини на екипата на ФК Шкендија од Тетово. На оваа средба од младинската супер лига, гостинот дојде до минимална победа со резултат 1-2 (1-1).


Натпреварот го започнавме со следниот состав: Ројчинов Андреј, Стефановски Љупче, Ивановски Дамјан, Николов Никола, Здравески Стефан, Јаневски Филип, Коцевски Гоце, Станковски Томи , Ристески Бојан, Ивановски Дамјан и Петрушевски Ангел.


Првиот дел не започна поволно за нашите младинци, по само 2.минути фудбал беше досуден пенал за гостинот. Во 3.минута екипата на Шкендија со точен удар од 11.метра поведе со 0-1 на оваа средба. Прва прилика за изедначување имаше Стефановски Љупче чии удар го одбрани голманот на тетовчани. Ние тргнавме во офанзива со цел да го изедначиме резултатот, по 15.минути од примениот погодок успеавме да ја вратиме резултатската симетрија. Николов Никола во 18.минута погоди за изедначување, 1-1. До крајот двата тима имаа по уште една прилика за гол. За нас капитенот, Здравески Стефан упати удар кој го одбрани голманот на противникот, ударот на противничкиот напаѓач го сопре нашиот голман Ројчинов Андреј. Со реми исход 1-1 заминавме на пауза помеѓу двата периода.


Двата тима во вториот дел немаа конкретни шанси во првите 15.минути, се обидуваа да креираат, но немаа завршница. По една грешка на нашата одбрана, тимот на ФК Шкендија во 69.минута успеа да поведе со погодок за 1-2. Ние веднаш тргнавме во офанзива со цел да се вратиме на резултатски план. Томи Станковски имаше прилика, сепак лошо ја исконтолира во финишот од нападот. Како се доближуваше финишот ние се повеќе го стегавме обрачот околу голот на татовскиот тим кој се одлучи со дефанзивна игра да ја брани предноста од еден гол на оваа суперлигашка младинска средба. Најголемата шанса за реми ја пропушти Стојчевски Леонид пред самиот финиш, упати удар од 5-6.метра кој голманот на противникот го одби со нога во поле. Дуелот заврши со победа на гостинот од 1-2.

Играа за нас уште и:  Цветановски Кристијан,  Стојчевски Леонид и  Тодоровски Бодан.