Нова победа над Шкендија, кадетите на КУЛ со три гола подобри од тетовчани

(Фотогалерија) Први натпревари во Детската Лига за генерација 2010
03/13/2022
Младинците минимално поразени од Шкендија
03/13/2022

Нова победа над Шкендија, кадетите на КУЛ со три гола подобри од тетовчани

Кадетите на КУЛ ја продолжија победничката серија на нашите екипи против тимот на Шкендија. По двете победи кај пионерските екипи вчера во Тетово, денес успеавме да ги совладаме тетовчани и на кадетскиот дуел. На стадионот „Цементарница“ дојдовме до победа со резултат 3-0 (0-0).


Тренерот Стефаноски дуелот го започна со овој состав: Цветковски Мартин, Зафироски Виктор, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован, Фејзула Мухамедин, Јанкулоски Бојан , Стоимов Димитар, Перковски Теодор, Методиевски Дарио и Манасиевски Горјан.


Првиот дел припадна во целост на кадетите на КУЛ, ние имавме повеќе од играта и креиравме голем број на шанси. Методиевски Дарио прв упати удар крај голот на тетовчани. Две големи прилики имаше за нас и Перковски Теодор, по првиот негов удар голманот со крајни напори исфрли во корна и во следната негова прилика не ја затресовме мрежата на противникот. Се играше во половината на гостите, тие само спорадично се закануваа кон нашиот гол. По корнер од левата страна, највисок во скокот беше капитенот, Митревски Јован кој упати удар со глава, истиот беше блокиран од одбраната на црвено-црните. Последна прилика за нас во првиот период на овој суперлигашки кадетски натпревар ја имаше Стоимов Димитар, тој изведе слободен удар од 20сетина метра, топката заврши надвор од рамките на голот. На пауза заминавме со почетните 0-0, сепак имавме посед, иницијатива и креација на оваа средба.


Во вториот дел започнавме со исто темпо, ние бевме тимот кој инсистираше на офанзивна игра. Прв се закани со удар со глава Митревски Јован, неговиот шут отиде над гредата. Своја прилика за погодок имаше и Методиевски Дарио, голот „висеше во воздухот“ ние бевме поконкретни од противникот. Добивме слободен удар на 30.метра, капитенот Митревски одлично нафрли на „втора статива“ највисок во скокот беше Ѓорѓиев Стефан, кој погоди за предност од 1-0 во 54.минута. По овој гол бевме доста поконкретни во следна прилика исто така со глава на 2-0 зголеми капитенот Митревски Јован. Доминиравме во поле, покрај високото водство ние бевме тимот кој напаѓаше и беше во потрага по нов погодок. Фејзула Мухамедин доби една топка на десната страна од казнениот простор, продре успеа да мине еден чувар, шутна силно по земја за високи 3-0 предност за нашиот кадетски тим. Противникот се закани, на нашиот гол одлично одбрани Цветковски Мартин. Умешно со добра игра во продолжение успеавме овој натпревар да го приведеме до крај и да дојдеме до нови три бода за нашите кадети.

Играа уште во вториот дел: Попов Горазд, Стојанов Филип и  Дончевски Милан.