Со натпреварите против Работнички го отвараме вториот натпреварувачки круг во младинските лиги

Фотогалерија од натпреварите на генерација 2009 во Детската Лига
03/16/2022
Нашите „петлиња“ со нови натпревари во Детската Лига на ФФМ
03/18/2022

Со натпреварите против Работнички го отвараме вториот натпреварувачки круг во младинските лиги

Нов викенд и нови предизвици, што се однесува до натпреварите во младинските лиги. Со натпреварите од 14.коло против екипата на Работнички стартува вториот натпреварувачки круг.

Во сабота (19.03), на Цементарница со почеток од 12:00 и 14:00 часот ќе се одиграат кадетските и младинските натпревари на Кул и Работнички.

Следниот ден, во недела (20.03) со пионерските екипи ќе гостуваме на Работнички. Дуелите на теренот на Алумина ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот.

Не очекуваат дерби натпревари во сите категории, посебно интересни ќе бидат оние со пионерите и кадетите, каде нашите екипи котираат високо, па со евентуални победи можат да ја направат интересна борбата за Шампионската титула. На отварање на сезоната освоивме само еден бод на натпреварите со Работнички, но сега се надеваме на позитивни резултати и поголем број на освоени бодови во соочувањето со овој противник.