Победа и во младинското соочување, Кул подобар од Работнички

Нашите кадети не признаваат лидери, падна и Работнички, Перковски донесе три големи бодови
03/19/2022
Бектеши со гол во 89.минута донесе реми за помладите пионери на гостувањето кај Работнички
03/20/2022

Победа и во младинското соочување, Кул подобар од Работнички

Младинците на Кул се вратија на првенствените победи. Денес на Цементарница во рамките на 14.коло нашите момци беа подобри од екипата на Работнички. Конечниот резултат гласеше 3:0 (1:0).

Стартувавме со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Никола Николов, Стефан Здравески (К), Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски и Ангел Петрушевски. 

Заслужена победа за нашата младинска екипа која се покажа како поквалитетна од противникот. Имавме повеќе од играта, создававме и шанси од кои три успеавме да претвориме во погодок. Долго време се чекаше на првиот погодок, истиот се случи во 40.минута кога капитенот Стефан Здравески со волеј удар од некаде 16.метри после дупли пас со Станковски,  успева да постигне прекрасен гол и да ни донесе предност од 1:0. Во првите 45 минути се закани и Станковски од прекин, но шутираше крај голот на гостинската екипа. Работнички речиси и да немаше конкретна прилика во овој дел од натпреварот, односно Андреј Ројчинов немаше многу работа во овој дел од натпреварот.

Продолживме со офанзивна игра и во  вториот дел од натпреварот, посакувајќи да го зголемиме водството. После центар шут од корнер на Станковски, и мешаница во противничкиот шеснасесетник во шанса за погодок се најде Коцевски кој биеше, но голманот на гостите влезе во неговиот удар и спречи поголема негатива. Сепак во 56 минута противникот беше принуден по втор пат да ја вади топката од својата мрежа. Нововлезениот Матеј Цветановски во 56 минута најдобро се снајде после мешаница и нафрлена топка од корнер, бие прецизно за водство од 2:0.

Само две минути подоцна, гостите си постигнаа и авто гол, што значеше и наша предност од 3:0, па тука беа решени сите прашања околу победникот. Тренерот Стефановски направи неколку измени давајќи им шанса за настап и на играчите кои беа на клупата за резерви. Работнички се закани од слободен удар, но немаше реализација, додека кај нас последната шанса ја имаше Дамјан Ивановски кој се најде во противничкиот шеснаесетник, биеше, но одбрани гостинскиот чувар на мрежата. На крајот конечни 3:0 за нашата екипа.

Играа уште и Александар Буковски, Милан Дончевски, Матеј Цветановски и Борјан Наков. Ова беше петта сезонска победа за младинците на Кул.