Бектеши со гол во 89.минута донесе реми за помладите пионери на гостувањето кај Работнички

Победа и во младинското соочување, Кул подобар од Работнички
03/19/2022
Пионерите на Кул без бодови од гостувањето кај Работнички
03/20/2022

Бектеши со гол во 89.минута донесе реми за помладите пионери на гостувањето кај Работнички

Денес на теренот „Алумина“ во населбата Карпош, помладите пионери на КУЛ гостуваа кај тимот на ФК Работнички. На оваа суперлигашка средба нашиот тим дојде до реми, 1-1 (0-0) со погодок во финишот, поточно во 89.минута.

Ние започнавме со следниот состав: Даниел Диковски, Милан Кузманоски, Петар Трајковски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Хабиб Бектеши, Фисник Љамалари, Невен Костадинов и Тарик Ризвановиќ.

Дуелот започна со иницијатива на домашниот тим, кој тргна фуриозно во првите пет минути. Ние го амортизиравме притисокот и успеавме да ја префрлиме играта на средината, двата тима прикажаа борбена и цврста игра во воедниот дел. Бектеши ја имаше првата шанса за гол, тој изведе слободен удар од 25.минута, но топката мина крај голот. Во следната акција, огромна шанса имаше Работнички, на нашиот гол Диковски Даниел во првиот дел имаше неколку фантастични одбрани. До крајот на првите 45.минути, видовме по една прилика пред двата гола на оваа средба. Капитенот, Трпевски Петар се закани со слободен удар, ривалот уште еднаш беше соочен со квалитетот на нашиот голман, па на пауза заминавме со почетните 0-0, двата тима одиграа машки, без многу шанси, но со одлична игра во поле.


Вториот дел започна со шанса за нашиот тим, прв обид имаше Тарик Ризвановиќ чиј удар заврши над голот. Работнички се обиде да ја префрли играта на нашата половина, Диковски на нашиот гол повторно одбрани одлично еден удар од 10-сетина метри. Некаде до средината на вториот дел, двата тима немаа конкретна прилика за реализиација во мрежата на Диковски и домашниот „чувар на мрежата“. По една грешка во нашата одбрана, „романтичарите“ успеаа да погодат со силен удар за земја за водство со 1-0 во 69 минута од натпреварот. Останаа до крајот 20-сетина минути во кои требаше да се обидеме да дојдеме до поволен исход. По изведена корна на 10.минути до крајот, голема прилика од непосредна близина пропушти Тарик Ризвановиќ, чиј удар беше исфрлен во корна. Хабиб Бектеши во 89.минута донесе голема радост за нас, ние успеавме да изедначиме на 1-1. Со неговиот гол дојдовме до нерешен резултат на денешниот меч.

Во играа влегоа Јован Бошнаков, Никола Јовановски и Олег Трифуновски. Нашите помлади пионери продолжуваат со добрите игри, откако и после четири последователни натпревари освојуваат бодови.