Нашите кадети не признаваат лидери, падна и Работнички, Перковски донесе три големи бодови

Девојките на КУЛ подобри од ЖФК Порече, на натпревар во втората женска фудбалска лига
03/19/2022
Победа и во младинското соочување, Кул подобар од Работнички
03/19/2022

Нашите кадети не признаваат лидери, падна и Работнички, Перковски донесе три големи бодови

Кадетите на Кул продолжуваат со изненадувањата, откако денес успеаа да победат уште еден лидер во Лигата. После победата во минатото коло против екипата на Шкендија, денес момците на Стефановски-Гаге успеаа да излезат како победници и на дерби натпреварот со екипата на Работнички, која во пресрет на 14.коло беше лидер на табелата. Натпреварот заврши со резултат 1:0 (0:0).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓоргиев, Јован Митревски (К), Мухамедин Фејзула, Горазд Попов, Димитар Стоимов, Теодор Перковски, Дарио Методиевски и Горјан Манасиевски.

Не видовме многу шанси на овој натпревар од кадетската Супер Лига. Како и што се очекуваше гледавме борбен и цврст натпревар од страна на двете екипи. Во првите 45 минути за одбележување е еден удар на гостинската екипа кој заврши крај нашиот гол, додека во нашите редови се закани Дарио Методиевски и Горазд Попов и тоа во една иста акција, после изведен корнер на Стоимов, сепак противничкиот голман во двата наврати успеа да одбрани и да спречи негатива за својот тим. На полувреме се замина со почетните 0:0.

Влогот беше голем за двете екипи на овој натпревар, па затоа и се играше претпазливо. Сепак, после само една минута игра во второто полувреме, успеваме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0. Се играше акција во која Стоимов додаде до Попов, овој успешно го проигра Теодор Перковски кој со лоб удар успева да го матира гостинскиот гол и да донесе голема радост, резултатот беше отворен на самиот старт на вториот дел. Работнички се обидуваше да создаде некоја конкретна акција за израмнување, но успешно беа затворени сите приоди кон нашиот гол. Немаше некоја поголема прилика за погодок до крајот на натпреварот, Кул имаше контрола на играта и резултатот. На крајот голема победа за нашите кадети кои слават победа со резултат 1:0.

Играа уште и Алан Ќеховиќ, Филип Стојанов и Јордан Петровски. Ова беше шестта победа за нашите кадети кои влегуваат во борба за шампионската титула, со оглед дека сега разликата е преполовена на три бода во однос на Работнички кој беше лидер во лигата.