Девојките на КУЛ подобри од ЖФК Порече, на натпревар во втората женска фудбалска лига

Нашите „петлиња“ со нови натпревари во Детската Лига на ФФМ
03/18/2022
Нашите кадети не признаваат лидери, падна и Работнички, Перковски донесе три големи бодови
03/19/2022

Девојките на КУЛ подобри од ЖФК Порече, на натпревар во втората женска фудбалска лига

Нашата женска сениорска екипа денес на Цементарница одигра натпревар во рамките на 8.коло во втората женска лига. Противник ни беше екипата на ЖФК Порече 2015 од која бевме подобри со резултат 2:1.

Сите голови паднаа во првиот дел од натпреварот. Со погодокот на Кристина Крстева во 4.минута од дуелот го отворивме резултатот за 1:0, за противникот да го израмни резултатот на 1:1 во 23.минута преку Јована Блажевска. Во последната минута од првиот дел, нашиот состав го врати водството, со вториот гол на Крстева за предност од 2:1. Во второто полувреме имавме уште неколку шанси, кои останаа нереализирани. На крајот сепак успеавме да стигнеме до победа.

КУЛ: Ведрана Комненова, Кристина Крстева, Ива Матиќ, Канита Емини, Симона Милошевска, Симона Стефаноска, Ива Здравеска, Михаела Додевска (К), Сара Петрушевска, Дева Величкова и Сара Стефаноска.