Пионерите на Кул без бодови од гостувањето кај Работнички

Бектеши со гол во 89.минута донесе реми за помладите пионери на гостувањето кај Работнички
03/20/2022
Интересни натпревари за генерацијата 2009 во денешното коло од Детската Лига
03/20/2022

Пионерите на Кул без бодови од гостувањето кај Работнички

Денес на теренот „Алумина“ во населбата Карпош, пионерите на КУЛ гостуваа кај тимот на ФК Работнички. Домашниот пионерски состав дојде до победа со резултат 2-0 (1-0).

Кул започна со овој состав: Димитриевски, Љубомировски, Фејзула, Богдановски, Ахмедов, Васиќ, Наков, Цимиќ, Филиповски, Станковски и Цветановски.

Започнавме доста лошо по нас на резултатски план, веќе по нецели 100.секунди домаќинот успеа да поведе, тие стрелаа за предност од 1-0. Ние се опоравиме од шокот и направиме теренски баланс. Капитенот на нашиот тим, Матеј Цветановски упати удар над голот на ривалот, тоа беше прва прилика за изедначување. Истиот играч потоа упати шут од 20.метра кој одбранта на домаќинот го блокираше. Најголема шанса за тимот на Работнички да ја удвои имаше во 41.минута, кога им беше досуден пенал. Сепак на нашиот гол одлично интервенираше Димитриевски Давид, „чуварот на мрежата“ успеа да остане несовладан од 11.метра па на одмор заминавме само со гол негатива, односно со резултат 1-0.


На самиот почеток на вториот период „романтичарите“ успеаа да ја удвојаат предноста од првиот дел, погодувајќи за резултат 2-0. Матеј Цветановски повторно се закани кон нивниот гол, овој пат од слободен удар. Исто така и Васиќ Даниел изведе слободен удар кој голманот го исфрли во поле, имавме иницијатива со цел да постигнеме гол за преполовување на негативата на оваа суперлигашка пионерска средба. Натпреварот заврши со резултат 2-0, ова е единствената средба од четирите овој викенд против црвено-белите на која не дојдовме до бодови, вчера победивме дома кај кадетите и младинците, а помладите пионери утрово одиграа реми.