Младинците без бодови од гостувањето кај Вардар, минимален пораз за нашиот тим

Минимален пораз за помладите пионери од екипата на Вардар
03/23/2022
Кул подобар од Вардар, пионерите се вратија на првенствените победи
03/23/2022

Младинците без бодови од гостувањето кај Вардар, минимален пораз за нашиот тим

Младинците на КУЛ беа минимално поразени денес во дуел кој се одигра на теренот со вештачка трева при ,,Тренинг кампот Хиподром”. Екипата на ФК Вардар не совлада со 2-1 (1-0)

Кул започна со овој состав: Ројчинов Андреј, Стефановски Љупче, Ивановски Дамјан, Николов Никола, Здравески Стефан (К), Јаневски Филип, Коцевски Гоце, Стојчевски Леонид, Станковски Томи, Ристески Бојан и Ивановски Дамјан.

Во првиот дел домашниот тим рано успеа да поведе на оваа младинска средба, црвено-црните поведоа со 1-0 веќе во 2.минута на натпреварот. Од тој момент па до 45.минута свои прилики имаа двата тима во овој натпревар од вонредното 15.коло во Супер лигата. Сепак мрежите на нашиот голман Ројчинов Андреј   и домашниот „чувар на мрежата“ Јовчев Гоце мируваа до пред почетокот на паузата помеѓу двата дела. Домаќинот замина на одмор со минимална предност.

Во вториот дел двата тима имаа свои шанси и двата тима по еднаш ја затресоа мрежата на противникот, па така впишавме минимален пораз на оваа младинска средбаа. По 11.минути фудбал во вториот дел на „Хиподром”  Вардар успеа во 56.минута да ја удвои предноста и поведе со резултат 2-0 на натпреварот. Ние атакувавме на преполовување на предноста, успеавме во истото во 86.минута, најпрвин од корнер опасно нафрли Здравески Стефан чиј удар домашниот голман со крајни напори го исфрли во нова корна.   Ивановски Дамјан кој погоди за само гол негатива, односно за резултат 2-1. Нашиот играч направи мајсторија тој изведуваше удар од аголот, дирекно од корна успеа да го совлада домашниот голман. Остана малку време до крајот во кое за жал не успеавме да дојдеме до резултатска симетрија на оваа средба.

Во игра на оваа средба од клупата за резерви влегоа: Крстевски Никола, Буковски Александар, Тодоровски Бодан и Цветановски Кристијан.