Кадетите одиграа реми на гостувањето кај ФК Вардар

КУЛ на мегдан со Вардар, во среда на програмата е 15.првенствено младинско коло
03/22/2022
Минимален пораз за помладите пионери од екипата на Вардар
03/23/2022

Кадетите одиграа реми на гостувањето кај ФК Вардар

Кадетите на ФК КУЛ, денес гостуваа во рамките на 15.коло кај тимот на ФК Вардар во Скопје. Нашите момци на оваа суперлигашка средба од 15.коло одиграна на Тренинг кампот во Хиподром дојдоа до реми 2-2 (0-2).

Тренерот Стефановски сартуваше со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓоргиев, Јован Митревски (К), Мухамедин Фејзула, Горазд Попов, Димитар Стоимов, Теодор Перковски, Дарио Методиевски и Горјан Манасиевски.

Одлично почнавме на овој кадетски дуел со црвено-црните, веќе по помалку од 10.минути ние дојдовме до водство на натпреварот. Се играше 9.минута од дуелот, топката дојде до Перковски Теодор кој стрелаше за наша преднос од 0-1. Двата тима имаа свои прилики во поле по овој гол, домашниот колектив атакуваше  на враќање на резултатската симетрија, ние напаѓавме со цел да ја удвоиме предноста на оваа првенстена средба. Успевме на две минути до крајот да поведеме со 0-2, по удар на нашите момци играчот на домаќинот Трајковски Драган го потврди погодокот, односно со автогол ни донесе водство од 0-2. Со тој резултат заминавме на одмор помеѓу двете полувремиња на овој дуел.
Во вториот дел започнавме со офанзивна игра со цел да ја обраниме предноста, се играше цврсто и борбено на оваа средба. Највозбудиливте моменти се случија буквално во последните 15.минути од овој кадетски дуел. Во 78.минута домаќинот успеа да ја преполови нашата предност, тие со погодок намалија на 1-2.  Имаа два удара за изедначување, но нашиот голман Цветковски Мартин беше на место и не го дозволи истото. Ние се заканивме и имавме прилика да поведеме и со два гола предност, нововлезениот Стојанов Филип имаше прилика за нашата екипа која не ја претвори во погодок. На две минути до крајот домашниот тим погоди со глава за реми 2-2, резултат кој подоцна се покажа како конечен за овој дуел од вонредното 15.коло во кадетската Супер лига.
Во игра во нашата екипа денес  влегоа двајца играчи, Петровски Јордан и  Стојанов Филип.