Помладите петлиња на КУЛ со победа ја стартуваа новата сезона во Регионалната Скопска Лига

Пионерските екипи гостуваат во Ѓорче, кадетите и младинците домаќини на Њу Старс
03/25/2022
Пионерите со нова победа, пом.пионери поразени од Њу Старс
03/26/2022

Помладите петлиња на КУЛ со победа ја стартуваа новата сезона во Регионалната Скопска Лига

Помладите петлиња на Кул со победа ја стартуваа новата сезона во регионалната-скопска лига. Денес на Цементарница, генерацијата 2008 на Кул беше подобра од екипата на Пандев Јуниор со резултат 1:0 (0:0).

Тренерот Тодоровски започна со следниов состав: Ангел Цветевски, Филип Димковски, Драган Лазаров, Леон Ангелески (К), Андреј Николовски, Андреј Велковски, Трајче Талевски, Калин Лупевски, Теодор Велковски, Ведран Арнаудов и Михаил Алексов. 

Во првото полувреме не видовме погодок, односно мрежите на двете екипи мируваа. Леон Ангелески беше играчот кај нас кој прв се закани на натпреварот со удар од прекин, додека врати и гостинската екипа, но на нашиот гол сигурен беше Цветевски. Имавме поголем посед на топка и се обидувавме да го загрозиме голот на противникот. Во првиот дел обиди имаа уште Николоски и Лупевски, но немаше реализација. Последната прилика во првиот дел ја имаше Ведран Арнаудов, но одбрани голманот на Пандев Јуниор. На полувреме се замина со резултат 0:0.

Доминиравме и во вториот дел од натпреварот, а најсериозна шанса да го отвориме резултатот ја имавме преку Лупевски, кој се најде во добра позиција, но противничкиот играч беше побрз во реакцијата, па успеа да исчисти во корнер. Андреј Николовски беше играчот кој се обиде директно од корнер да го изненади гостинскиот голман кој одбрани и спречи негатива за својот тим. Конечно беше наградена нашата иницијатива, се играше 68 минута кога Калин Лупевски доби употреблива топка, нашиот играч умешно се снајде, ја погоди мрежата за предност од 1:0. До крајот на натпреварот последен обид имаше Трајче Костадинов, но одбрани голманот на Пандев Јуниор. Натпреварот заврши со конечни 1:0, во корист на помладите петлиња на Кул.

Играа уште и Мартин Гоџо, Трајче Костадинов, Андреј Кузманов и Лука Аврамовски.