Висока победа за женската сениорска екипа на гостувањето кај Победа Валандово

Победнички старт за генерација 2007 во Регионалната Скопска Лига
03/26/2022
Кадетите „класично“ на Цементарница, нова победа за КУЛ во лигата
03/27/2022

Висока победа за женската сениорска екипа на гостувањето кај Победа Валандово

Женската сениорска екипа на Кул стигна до нова победа, во рамките на втората фудбалска лига. Денес нашите девојки во рамките на 9.коло гостуваа кај екипата на Победа Валандово, противник кој го победија убедливо со резултат 0:7. Ова беше вкупно петти триумф сезонава за женската екипа.

Избраничките на Тања Крстовска пружија одлична игра и на крајот високо триумфираа. Денес своите голгетерски квалитети ги покажаа Дева Величкова која постигна хет трик во 8, 35 и 50.минута од натпреварот, како и Ива Здравеска која исто така три пати ја тресеше домашната мрежа, во 52, 55 и 58 минута од дуелот, додека еден гол во 20 минута беше дело на Канита Емини.

КУЛ: Ведрана Комненова, Сара Петрушевска, Кристина Крстева, Ива Матиќ (К), Канита Емини, Симона Милошевска, Михаела Додевска, Ива Здравеска, Дева Величкова, Ања Филипова и Сара Стефаноска.

Играа и Елена Крстеска и Анастасија Пачовска.